Форст (Лужица) (, ) — град во Бранденбург, Германија. Се наоѓа источно од Котбус на реката Лужичка Ниса, која во исто време е германско-полската граница според линијата Одра-Ниса. Градот е административно седиште на округот Шпре-Ниса. Тој е познат по неговата градина со рози и музејот за текстил. Во Форст постои железнички мост преку Ниса, кој е дел од линијата Котбус–Жари и се користи за регионални возови и EuroCity возот помеѓу Хамбург и Краков (2011). Исто така постои и патен мост над реката северно од Форст.
Опис
Градот е дел од областа Лужица. Станал дел од Кралството Прусија по Виенскиот конгрес во 1815. Потоа градот бил управуван во рамките на покраината Бранденбург. По Втората светска војна станал дел од Источна Германија.
Форст искусил тешки времиња по падот на Берлинскиот ѕид и повторното обединување на Германија поради огромната невработеност. Во минатото, градот бил познат по производството на текстил, но сите текстилни фабрики се затворени во изминативе години.
Луѓе
Георг Томас (1890–1946), генерал Бруно Кастнер (1890–1932), глумец Макс Зајдевиц (1892–1987), политичар Бригите Франк, родена Хербст (1895–1959), жена на Ханс Франк Ерих Нојман (1892–1948), политичар Вернер Хајде (1902–1964), лекар Георг Бозе (1921–2011), германски војник Гинтер Ноке (роден 1959), политичар Рене Ридлевич (роден 1973), фудбалер Рони Шолц (роден 1978), велосипедист
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница на градот Градина на розите
Категорија:Шпре-Ниса Категорија:Поделени градови Категорија:Населени места во Долна Лужица Категорија:Бранденбург (покраина) Категорија:Германско-полски гранични премини