Кармело Киам Ентони (англиски: Carmelo Kyam Anthony) (роден на 29 мај 1984) со прекар „Мело“ е американски професионален кошаркар кој игра за Лос Анџелес Лејкерс во Националниот кошаркарски сојуз (НБА). После успешната средношколска кариера во Католичкото средно училиште „Тосон“ и академијата „Оук Хил“, Ентони студираше на Универзитетот Сиракјуз каде што ги водеше „Портокаловите“ до нивната прва титула во 2003 година. Ја доби наградата за Најневеројатен играч и беше именуван за најдобар играч од Истокот во НЦАА. После една сезона во Универзитетот Сиракјуз, Ентони го напушти колеџот за да влезе во НБА-Драфтот во 2003 година, каде што беше избран за трет пик од страна на Денвер Нагетс. Неколку дена пред затворањето на предодниот рок во 2001 година, Мело беше пратен во Никс.
Откако влегол во НБА, Ентони станал еден од најпознатите и најпопуларни играчи во лигата.Беше именуван во петторката на најдобри млади играчи, шест пати беше избран во All-Star тимот и пет пати во најдобрата петторка на НБА. Ентони ги водеше Нагетси до две дивизиски титули и во плејофот секоја година од 2004 до 2010 година. Во 2009 година, им помогна на Нагетси да стигнат до конференциското финале по првпат после 1985 година. Како член на Американската репрезентација, Ентони освои бронзен медал на Олимпијадата во 2004 година и златни медали на Олимпијадите во 2008 и 2012 година. На 2 август 2012 година, Кармело Ентони го собори американскиот олимписки рекорд во постигнати бодови на натрпевар кога постигна 37 бода против Нигерија.
Ран живот и средношколски денови Ентони е роден во Бруклин, Њујорк. Татко му е Порториканец, а мајка му Афроамериканка. Татко му, по кого бил крстен, умрел од рак кога Ентони имал само две години. Кога Ентони наполнил осум години, неговото семејство се преселило во Балтимор, каде што не ги развил само своите атлетски способности, туку и способностите за преживување. Кени Мајнор, еден од пријателите од детството на Ентони рекол: „Од дрога, до убивање, до сѐ најлошо што можете да замислите, ние го преживеавме тоа. Таквите работи те учат на цврстина и како ментално да се концентрираш на своите цели“. Спортот служел како одвратување од насилството и дрогата кое се случува во предградијата, само на неколку улици од домовите на Ентони и неговите пријатели.
Ентони учел во Католичкото средно училиште Тосон во првите три години од средношколството. За време на летото 1999 година, Ентони пораснал 13 сантиметри и одеднаш станал еден од најдобрите играчи во околината и многу се прославил. Тогаш ги добил наградите за најдобар играч на годината во 2001 година, како и играч на годината во Католичката лига во Балтимор. За време на втората година, во проесек имал по 14 бода, 5 скока, 4 асистенции и 2 украдени топки по натпревар. Неговото училиште имало рекорд од 26 победи и 3 порази и завршило трето на државното првенство. Ентони уживал во успешната средношколска кошаркарска кариера како јуниор и скоро ги удвоил своите бројки во бодови и скокови со по 23 бода и 10,3 скока во просек. И покрај успешната година, Ентони бил премногу возбуден поради сето внимание и неколкупати бил суспендиран поради бегање од часови. Скаутите од НБА ретко го забележувале поради неговата кревка градба и недостатокот на сила. Тие сметале дека не е подготвен за физичките барање на НБА-лигата. На крајот, Католичкото средно училиште Тосон не успеало да ја освои државната титула, ама тој сепак бил именуван за најдобар играч во округот Балтимор, за најдобар играч во државата и за најдобар играч во Католичката Лига во Балтимор.
После третата година, тренерите од Првата дивизија застанале во ред да го регрутираат Ентони во училиште на источниот брег, во кои спаѓале Универзитетот од Северна Каролина и Универзитетот Сиракјуз. За разлика од играчите како Кевин Гарнет, Џермејн О’Нил, Коби Брајант, Трејси Мекгрејди или Амари Стадемаер, тој одлучил рано да изјави дека после средно училиште, ќе се запише на Универзитетот Сиракјуз. Бидејќи оценките на Ентони паднале до 3-ка во просек, и неговиот резултат на последниот испит биле под прифатливите стандарди, тој знаел дека мора да се подобри на предавањата за да се квалификува академски за Суракјуз. Последната година, мајка му размислувала да го префрли во некое друго училиште. Ентони прво мислел да оди во Воената академија Вирџинија Харгрејв, ама откако разговарал со Стив Смит, кошаркарскиот тренер на Академијата Оук Хил, се префрлил таму. За време на летото 2001 година, Ентони го одвел Комбинираниот тим од Балтимор до фајнал-форот на „Adidas Big Time Tournament“ во Лас Вегас, Невада. Ентони го привлекол вниманието на НБА бидејќи постигнувал по 25,2 бода во просек на турнирот, на кој присуствувал и Амари Стадемаер. Мело играл на Американскиот кошаркарски фестивал за развој на младите каде што му помогнал на тимот од Истокот до го освои сребрениот медал. По бројот на бодови во просек на турнирот, тој се изрмнил со Леброн Џејмс со по 24 бода и шутирал со 66% успешност од поле. На тој турнирм Мело и Џејмс станале пријатели.
Академијата Оук Хил ја започнала сезоната 2001-2002 после серија од 42 победи. Првата турнирска победа дошла во Меѓународниот турнир Лес Сваб против средното училиште Матер Деи од Санта Ана, Калифорнија, а Мело ја добил наградата за најдобар играч на турнирот. Оук Хил освоиле уште два важни турнира: турнирот организиран од Најк каде што го победиле дотогаш прво-пласираното средно училиште Вестчестер и очекуваниот натпревар против средното училиште Сент Винсент – Сент Мери од Акрон, Охајо, каде што Ентони се соочил со средношколскиот феномен Леброн Џејмс. Џејмс постигнал 36 бода, а Мело 34 и 11 скокови и помогнал во победата на Оук Хил со 72 – 66. Тимот ја завршил сезоната на третото место во државата со рекорд од 32 победи и еден пораз кој го добиле во реваншот против Матер Деи, кои ја завршиле нивната серија без пораз на 67. Тој во просек постигнувал 21.7 бода, 8,1 скокови и 4 асистенции за Оук Хил и бил именуван во Најдобриот тим според „USA Today“ и „Parade“. Бил избран да игра во„Jordan Brand Classic“, каде што постигнал 27 бода, и во натпреварот организиран од „McDonald's“ во 2002 година, каде што играл со идните согирачи од Ники Рејмонд Фелтон и Амари Стадемаер. На тој натпревар постигнал 19 бода и победил во натпреварот по забивање. Неговата изведба на овие натпревари му ја зголемила репутацијата па затоа бил прогласен за најдобар средношколец во генерацијата од 2002 година од страна на „HoopScoop“, втор најдобар според „College Basketball News“ и трет според „All-Star Sports“. Поради неговите проблеми со финалниот испит, неговото семејство и неговите пријатели се прашувале дали Ентони ќе ги заборави плановите да се запише во Сиракјуз и ќе оди во НБА. Но во април успеал да го постигне потребниот резултат и сепак решил да се запише на колеџ. Во април 2009 година, тој бил именуван во најдобриот тим на деценијата според ESPN и за еден од 35-те најдобри американски спортисти според „McDonald's“ во јануари 2012 година.
Кариерата на колеџ
Ентони играл една сезона за универзитетот Сиракјуз, за време на сезоната 2002-2003 и во просек постигнувал во 22,2 бода и 10 скокови. Тој ги водел „Портокаловите“ до нивната прва титула во НЦАА-лигата.Тој го водел својот тим во бодови по натпревар, скокови, одиграни минути по натпревар, бодови од поле и слободни фрлања. 33-тебодови против Универзитетот од Тексас бил рекорд во постигнати бодови од страна на бруцош. Во финалето против Универзитетот од Канзас, Мело имал 20 бода и 10 скокови. За својот напор во оваа сезона, Кармело ја освоил титулата на Најневеројатен играч. После тоа, Џим Бохајм, тренерот на Сиракјуз, го опишал Ентони како „дефинитивно најдобриот играч во колеџ-кошарката.“ Рекол дека таа сезона ниту еден играч не бил ни блиску до него.
Ентони изјави дека планирал да остане во Сиракјуз две или три сезони, ама бидејќи веќе постигнал сѐ што си зацртал, решил да ја остави колеџ-кариерата и се пријавил како слободен за НБА-Драфтот во 2003 година. Некои од најдобрите достигнувања на Мело додека бил во Сиракјуз се прогласувањето за член на Вториот американски тим од „Associated Press, го водел својот тим до рекорд од 30 победи и 5 порази, ја освоиле првата титула и бил избран за Бруцош на годината. Исто така бил именувн во првиот тим на Истокот и Бруцош на годината во Источната конференција.
Кариерата во НБА
Прва сезона Кариерата во НБА на Ентони започнала на 26 јуни 2003 година, кога беше избран како трет пик на драфтот од страна на Денвер Нагетс. Беше избран зад Леброн Џејмс (Кливленд Кавалирс) и Дарко Миличиќ (Детроит Пистонс). Дебито во НБА-лигата му беше на 29 октомври 2003 година во победата од 80 -72 против Сан Антонио Спарс. Мело заврши со 12 бода, 7 скокови и 3 асистенции. Во шестиот натпревар (7 ноември против Лос Анџелес Клиперс) Ентони постигна 30 бода и стана вториот најмлад играч во историјата на НБА што постигнал 30 бода или повеќе на еден натпревар (19 дена и 151 ден; Коби Брајант е најмладиот). Тоа е најмалиот број на натпрвари кои му требале на еден руки да постигне 30 бода откако се оформила НБА-лигата. На 9 февруари 2004 година против Мемфис Гризлис, Мело стана третиот најмлад играч кој постигнал 1000 бода во кариерата во историјата на НБА, постигнувајќи 20 бода во победата од 86 -83.
На 13 февруари 2004 година, Кармело учествувал на Руки Челинџот на Ол-Стар Викендот. На 30 март 2004 година, тој постигнал 41 бод против Сиетл Суперсоникс за да постави нов рекорд во Денвер Нагетс за највеќе бодови постигнати на натпревар од страна на руки. Стана и вториот најмлад играч (19 години и 305 дена) кој постигнал најмалку 40 бода на еден натпревар. Откако ја доби наградата за Руки на месецот во западната конференција во април, Ентони стана четвртиот играч во историјата на НБА што ги освоил сите шест награди за Руки на месецот во една сезона. Другите тројца се Дејвид Робинсон, Тим Данкан и Леброн Џејмс. Мело двапати беше прогласуван за играч на неделата (10 март – 14 март и 6 април – 10 април) и беше избран во Првиот руки тим на сезоната. Ентони постигнуваше по 21 бод по натпревар во текот на сезоната, повеќе од сите други рукија. Беше втор во изборот за Руки на годината, зад Леброн Џејмс од Кливленд Кавалирс.
Кармело Ентони беше голем дел од промената на Денвер Нагетс од тим за потсмевање до конкурент во плејофот. Сезоната пред да биде драфтуван Ентони, Нагетси завршија со рекорд од 17 победи и 65 порази, а тоа ги израмни со Кливленд Кавалирс за најлош рекорд во НБА-лигата. Сезоната 2003-2004 ја завршија со 43 победи и 39 порази и се квалификуваа во плејофот како осмопласирани. Ентони стана првиот руки што го водел својот тим по бодови по натпревари после Дејвид Робинсон ос Сан Антонио Спарс. Во плејофот, Нагетси се соочија со првопласираните Минесота Тимбервулфс во првата рунда. Во првиот меч на Ентони во плејофот, тој имаше 19 бода, 6 скокови и 3 асистенции во поразот од 106 – 92. Тимбервулфси ги елиминираа Нагетси во пет натпревари.
Сезоната 2004–2005 Во втората сезона, Ентони во просек постигнуваше по 20,8 бода на натпревар и заврши како 19-ти во НБА.на 4 декември 2004 година, против Мајами Хит, Ентони стана третиот најмлад играч во историјата на НБА кој постигнал над 2000 бода. Само Џејмс и Брајант биле помлади од него кога го достигнале тоа. И оваа година Мело настапуваше во Руки-челинџот, каде пред домашните навивачи од Денвер постигна 31 бод, 5 скока, 2 асистенции и 2 украдени топки и беше избран за Најдобар играч на натпреварот.
Со помош на Ентони, Нагетс го подобрија сезонскиот рекорд за шест натпревари од претходната сезона, завршувајќи со 49 победи и 33 порази. Тие завршија на седмото место во Западната конференција, едно место погоре од претходната сезона. Нагетси се соочија со второпласираните Сан Антонио Спарс во првата рунда, победувајќи во првиот натпревар со 93 – 87. Сепак, Спарси победија на следните четири натпревари и ги елиминираа Нагетси од плејофот.
Сезоната 2005–2006