right|thumb|300px| Графички приказ како изгледа нашата галаксија доколку се набљудува одозгора Млечен Пат (народен назив: Кумова Слама) — спирална галаксија која припаѓа на месната група на галаксии во нашата вселена. Иако Млечниот Пат е само една од милијардата галаксии кои постојат во познатиот универзум, галаксијата е од особено значење на човештвото ако матична на нашиот Сончев Систем.
Поимот „Млечен“ потекнува од лелеавата бела светлика која се простира над Земјината атмосфера, видлива од Земјата. Светлината е создадена од сјајот на сите ѕвезди во оваа галаксија, која е најсветла во делот каде што е соѕвездието – Стрелец, кон Галактичкото Средиште.
Главниот диск на галаксијата е широк меѓу 80.000 и 100.000 светлосни години во пречник, и околу 1000 светлосни години во дебелина. Се претпоставува дека галаксијата Млечен Пат содржи меѓу 200 и 400 милијарда ѕвезди. Во средината на „Млечниот Пат“ има супермасивна црна дупка која што се вика „Стрелец А*“.
Старост Староста на галаксијата се претпоставува дека е 13,6 милијарда години, или врсник на нашата вселена. Овие бројки се засноваат врз истражувања во 2004, кои ги спроведе тим на реномирани астрономи.
Местото на нашето Сонце Сонцето, а со тоа и Земјата и Сончевиот Систем, се наоѓа во близината на надворешниот крак наречен Орионов Крак, на оддалеченост од 7,94 ±0,42 парсеци од Галактичкото Средиште. Далечината меѓу Орионовиот и Персеевиот Крак која е следна изнесува 6.500 светлосни години.
На Сонцето му се потребни меѓу 225-250 милиони години да заврши една обиколка околу галактичкото јадро. Орбиталната брзина на сончевиот Систем е околу .
Иднината на Млечниот Пат Најновите истражувања покажуваат дека галаксијата Андромеда се приближува до галаксијата Млечен Пат со брзина од 300 км/с. Според ова истражување двете галаксии ќе се судрат за отприлика 3-4 милијарда години. Доколку ова се случи се претпоставува дека нашето Сонце и другите ѕвезди нема да се судрат меѓусебно, туку ќе се спојат за да формираат елиптична галаксија чие формирање ќе трае околу милијарда години.
Народни верувања во Македонија Летно време, по средината на целото небо се гледа белузлавата лента на нашата галаксија Млечен Пат. Кај народот таа лента има две имиња: Кумова Слама и Попова Слама, од кои второто најверојатно е постаро народно име. Според преданијата, на небото е отсликана кражбата на слама на некој поп (или кум) од кумашинот.Ѓоре Ценев, „Небото над Македонија“, МКЦ Скопје, 2004, стр. 71-72.
Како тема во уметноста и во популарната култура „На Млечниот Пат“ — филм на режисерот Емир Кустурица.Story, број 573, 9 септември 2016, стр. 86. „Млечен Пат“ (англиски: Milky Way) — песна на американската група Бордомс (Boredoms) од 1990 година.YouTube, Soul Discharge '99 (full album) - Boredoms „Млечен Пат“ (англиски: Milky Way) — композиција на американската џез-група Weather Report од 1971 година.Weather Report – Weather Report (пристапено на 7.4.2024) „Под Млечниот Пат“ (англиски: Under the Milky Way) — песна на австралиската рок-група The Church од 1988 година.YouTube, The Church - Starfish (Full Album) 1988 - 480P.mp4 (пристапено на 15.10.2017)
Поврзано Список на придружни галаксии на Млечниот Пат
Наводи
Надворешни врски
Написи за Млечниот Пат — Македонско астрономско друштво
Анимирана прошетка низ Млечниот Пат — Универзитет на Јужен Велс Млечен Пат — 3Д карта Млечен Пат — широк поглед од 9 милијарди пиксели .
Категорија:Пречкести спирални галаксии Категорија:Астрономски тела познати од стариот век