мини|upright=1.3|Венера со огледало ( 1555) од Тицијан, ја прикажува божицата Венера како персонификација на женственоста. Женственоста претставува низа од својства, очекувања и објаснувања поврзани со поведението и однесувањето на женскиот пол. Женственоста како содржина на родот поврзан со женскиот пол е општествено изградено однесување како спротивност на мажественоста како општествено изградена содржина поврзана со машкиот пол. Карактеристичните женствени својства се поврзани со низа стереотипи, кои го ситуираат женскиот статус и положба: нежноста, емпатијата и чувствителноста, сепак овие и други особености покажуваат поврзаност кон самото место и контекстот, како и други општествени и културни фактори.

Историја 300п|мини|Познатата слика Раѓањето на Венера од Ботичели, е класичен пример за женственост. Венера е римска божица на љубовта, убавината и плодноста.Manifestations of Venus: art and sexuality pg 93 By Katie Scott, Caroline Arscott pg 93-"...began its consideration of Venus by describing her as .... who presided over all feminine charms, for..." The Pacific muse pg 49 By Patty O'Brien "The young beautiful Venus wringing water from her tresses was a configuration of exotic femininity that was…

Странскиот позајмен збор „феминитет“ потекнува од латинскиот збор „femina“ односно 'жена' или во буквален превод „таа што дои“.

Современите поими поврзани со женственоста започнале во средновековниот период во Англија за време на епидемија на бубонска чума. Жените во средниот век едноставно биле опишувани како девица, сопруга, или вдовица. За време на „црната смрт”,односно чумата која избришала половина од населението, се случува промена во традиционалните родови улоги на сопруга и мајка, и се создаваат нови можности за жените во општеството. Концептот на "жена" доживеа големи промени на многубројни начини и нови описни поими морале да се создадат за да се опишат овие улоги, со зборови како женственост и женскост.

Во 1949 година француската интелектуалка Симон де Бовоар напишала дека „нема биолошка, психолошка или економска судбина која го одредува имиџот што жената го претставува во општеството“, идеја која била користена во 1959 година од страна на канадско-американскиот социолог Ервинг Гофман и во 1990 година од страна на американската филозофка Џудит Батлер, кои сметале дека родот не е фиксиран или инхерентен но е прилично општествено-дефиниран сет на практики и особини кои со текот на времето, биле етикетирани како женски или машки. Гофман тврди дека жените се социјализирани да се претставуваат себеси како "скапоцени, орнаментални и кревки, и лошо прилагодени за нешто што бара физички напор" и да проектираат "срамежливост, резервираност и приказ на слабост, страв и некомпетентност".

Феминистките од вториот бран, под влијание на де Бовоар, верувале дека иако биолошките разлики помеѓу жените и мажите се вродени, концептите за женственоста и мажественоста биле општествени конструкции, со одлики како што се пасивност и нежност доделени на жените и агресија и интелигенција доделени на мажите. Тие тврделе дека според ова, девојчињата биле социјализирани со играчки, игри, и од телевизијата и училиштето во согласност со женствените вредности и однесувања. Во нејзината значајна книга од 1963 година “Женствената мистика“, американската феминистка Бети Фридан тврди дека клучот за потчинување на жените лежи во социјалната изградба на женственоста како детска, пасивна и зависна, и повикува на "драстично преобликување на културниот имиџ на женственоста."

Однесување и карактерни особини мини|225px|десно|Портрет на Шарлот од Вал д'Оњ од Мари Дениз Вилер, 1801, Музеј Метрополитен (можеби самопортрет), прикажува независен женствен дух. The Methodologies of Art: An Introduction (Boulder: Westview Press, 1996), 81. Laurie Schneider Adams "[Young Woman Drawing] 'suddenly acquired feminine attributes: Its poetry, literary … all seem to reveal the feminine spirit."

Иако некои карактерни особини што означуваат женственост не се универзаилно идентични сепак постои одредени модели преку која тие се препознатливи. Одлики традиционално сметни за женствени се: нежност, емпатија и чувствителност.Vetterling-Braggin, Mary "Femininity," "masculinity," and "androgyny": a modern philosophical discussionWorell, Judith, Encyclopedia of women and gender: sex similarities and differences and the impact of society on gender, Volume 1 Elsevier, 2001, ISBN 0-12-227246-3, ISBN 978-0-12-227246-2Positive Peer Culture pg 22 By Harry H. Vorrath, Larry K. Brendtro "Still, almost all girls have clearly been socialized toward positive caring behavior"Introduction to Psychology – Page 184 By James W. Kalat "and so are positive feminine traits (compassion, tolerance, etc.)

Понекогаш женственоста се поврзува со сексуална објектификација и сексуалната привлечност. Во патријархални општества сексуалната пасивност понекогаш се доживува како женствена особина додека сексуалната самодоверба и сексуалната желба се сметаат за мажествени.

Дихотомијата на половите дефинирана од Анн Оаклеј имало значително влијание на соизиолозите при дефинирање на машко-женските односи како регулирани, стого вкоренети и репродуцирани во нашето општество, како и структури на моќ кои се однесуваат на овие концепти. Одредени теоритичари како и постмодернисти, сепак ја опишале оваа половата дихотомија како сериозно опасно поедноставување. Тековната дебата поврзана со половите и психологиијата го опфаќа половиот идентитет и специфичното однесување на половите како последица на социјализацијата а не се должи на некои вродени генетцки фактори. Според Дијана Халпер, и двата факта играат одредена улога, но сеупте е потребно понатамошно истражување за а се утврдат важностите на овие фактори.

Дискутабилното прашање на Натурализмот наспорти емпиризмот постојано се надполонува со нови истражувања и мислења. Некои веруваат дека одредени особни од женственоста му припаѓа на самиот човек додека други особини кои би ја комплетирале женственоста треба да се согледат како цел која треба да се достигне. Во 1959 истражувачи како џон мони и анки ерхард предлагаат хормонална терапија. Нивните истражувања го придонесуваат аргументот дека сексуалните органи го *капат* ембрионот со хормони што резултира со раѓање на една единка со изразито машки или женски мозок, при што подоцна неколку порджувачи на ова мислење изјаснуваат дека е можно да се предвиди развитокот на еден човек и насоката која ќе го одреди неговото разивање, женствена или мажествена. Сепак оваа теорија била строго критицирана и сè уште е контроверзна.

Во 2005 извршените истражувања за поврзаноста на полот и писхологијата покажуваат дека полот како и стереотипите кои се поврзани со машкиот или женскиот пол влијаат на однесување на една личност, и половиот идентитет може да се развиеа уште од три годишна возраст. Мони исто така потенцира дека половиот идентитет се формира во текот на првите 3 години од животот на детето.

Мери Ветерлинг изјаснува дека сите особини поврзани со женственоста произлегуваат од рани сексуални односи. Други како Карол Патеман, Рија Клопенборг и Вутер Ханеграф, искажуваат дека дефинираноста на женственоста е само резултат на строги правила кои покажуваат као женскиот род треба да се однесува за да се одржува еден патријахален социјален систем.

Во школата за аналитична психологија на Карл Јунг, аниме и анимус се две главни антропоморфни архетипови на потсвеста.Според теоријата на Јунг, анима и анимусот се елементи на потсвеста кои претставуваат еден домен на потсвесното кој ја надминува личната психа.Во потсвеста на машкото се експресира како феминизирана внатрешна персона-анима, исто како што во потвеста на жената тоа би било претставено како мажествена внатрешна личност-анимус

Облека и изглед

Во Западот, идеалот на феминизираноста ги содржи следниве елементи, долга коса, бела порцеланска кожа, тенка половина и малку или воопшто да нема телесни влакна. Во останатите култура овие стандарди не се клучни. На пример во многу други култури во светот влакната под пазувите не би се согледувале како неженественост. Овие идеали на женственоста понекогаш се строго критизирани од феминиски и останати активисти како дискриминирачки и дека лошо влијаат на човековото здравје. На пример идеалот на слабо, тенко тело потикнал големи пореметувања во исхраната како и појавата на анорексија во Западот..

Во историјата Во различни култури, историски периоди или социјални, економски или етнички контексти, женственоста се доживува и се нормира различно. Најчестите стереотипи за женственоста се изразени преку стереотипите за емоционалноста, експресивноста, нежноста, лојалноста. Како дел од женствените одлики можат да бидат вклучени и статусни и социјални позиции, но и специфични професии.

Културните стандарди варираат во зависност од тоа што се смета за женствено. На пример, во Франција од 16 век, високите потпетици биле сметани за машки вид на чевли, иако моментално се сметани за женски.Brown, William, Art of shoe making, Global Media, 2007, 8189940295, 9788189940294

Во Стариот Египет, обвивките и мрежестите фустани со мониста се сметале за женска облека, додека обвивки, парфеми, козметика и накит носеле и мажи и жени. Во Стара Персија, облеката била претежно за двата пола, иако жените носле превез и шамии. Жените во Стара Грција носеле химатиони; а во Стариот Рим жените носеле пала, правоаголна мантија и мафорион.Condra, Jill, The Greenwood encyclopedia of clothing through world history: Prehistory to 1500 CE, Greenwood Publishing Group, 2008, ,

Вообичаената женска облека на аристократските жени од ренесансата била долна кошула со наметка и наметка со висок струк, и избричено чело и фризура во облик на турбан.

Телесни модификации Телесни модификации се намерно создадени промени на човековото тело за естетски цели без никоја одредена медицинска потреба. Една таква цел е да се потикне развојот на женствени одлики кај жените. Во Кина со векови помалите стапала припаѓаат во аристократски надворешни особини кај жените. Практиката на свиткување и оформување на стапалото беше наменет за подобрување на изгледот и за постигнување на женственост, иако самиот од на жените бил тежок и болен. Во одредени делови од Африка и Азија, вратни-прстени се носат со цел да се издолжи вратот. Во овие култури, долг врат карактеризира женствена убавина. Жените Падаунг на Бурма и жените Тутси на Бурунди, ја практикуваат оваа форма на телесна модификација.

Идеална женственост Постојат многубројни дефиницииа за иделна женственост поради различните култури и нивните лични вредности, поради тоа честите дебати за конкретна дефинираност се постојани.

Машка перцепција

Перцепијата на машкиот род кога станува збор за женственоста варира во однос на различните култури и временски периоди. Во 1883 Франис Галтон прв забележал дека физички особини кои индицираат здравје без никаква генетска мутација исто така наречено коинофилија е силен индикатор за физичка убавина.

Во популарната култура

Во 1876 година, Хорејшо Алгер ги назначил жените од Кејп Код како идеал на женствената убавина. Тој ги опишал како образовани, во одлична физичка состојба, со руси коси и потемнета кожа.

Во 1959 година, модната кукла Барби создадена од најпозната стопанско друштво за играчки, Mattel, покажала женствен идеал на современата естетска убавина. Иако постојат луѓе кои целосно ја поддржуваат женствената слика претставена преку куклата Барби, сепак нејзините телесни пропорции се невистинити и тие не се склопуваат со пожелните пропорции кои се привлечни за мажите од индоевропските култури. Оваа икона на феминизираност, сепак привлекла големо интернационално внимание, но сепак сликата која што ја проектира оваа кукла била и сè уште е критикувана бидејќи оваа нереалистична и недостижна идеја им наштетува на голем број млади луѓе, со поткнување на анорексија и други нарушувања.