мини Централна банка, банка на резерви или монетарна управа — јавна институција што најчесто ја издава валутата, го регулира приливот на пари, и ги контролира каматните стапки во земјата.
Централните банки исто така често ги контролираат комерцијалните банки од нивните одделни држави. За разлика од комерцијалната банка, централната банка поседува монопол врз печатењето на националната валута, што служи како законски платежно средство во земјата. Примери за вакви банки се Европската централна банка (ЕЦБ), Федералните резерви на Соединетите Американски Држави и Народна банка на Кина.
Основната функција на Централната банка е да овозможи прилив на пари во земјата (монетарна политика), преку постојана работа за контролирањето на каматните стапки, поставување на потребните резерви, и да служи како даватели на заем за банките, за време на платежна неспособност на банките или за време на финансиски кризи. Централните банки имаат надзорна улога, со намера да ги заштитат банките и другите финансиски институции од измами и неразумни постапки. Централните банки на најразвиените нации се независни затоа што работат врз основа на правила што ги ослободуваат од политичко влијание.
Историја Во Европа, во 17 век, поголемиот дел од парите биле стокови пари, главно злато и сребро. Сепак, овие можности за плаќање беа широко распространети и прифатени пред најмалку петстотини години во Европа и Азија. Династијата беше прва што издаваше книжна валута, додека династијата беше прва што користела банкноти како доминантно средство за плаќање. Следната династија , за да ја контролира инфлацијата, во 1455 г. ја укина употребата на хартиените пари и го прекина поголемиот дел од трговијата во Кина. Средновековните европски витези Темплари создале ран прототип на централниот банкарски систем, нивните начини на плаќање биле надалеку почитувани, и многу луѓе сметаат дека нивните активности ги поставија основите на современиот банкарски систем.
Првата национална банка, која нудела сметки што не се директно конвертибилни во монети, е Банката на Амстердам, основана во 1609 година и таа претставува претходник на современите централни банки.Bordo, M. (2007), "A Brief History of Central Banks", Federal Reserve Bank of Cleveland. Централната банка на Шведска (Sveriges Riksbank или само Riksbanken) е создадена во Стокхолм во 1664 г. како решение на Државното собрание, што ја прави најстара банка во светот што сè уште работи. Една од улогите на Шведската централна банка била да и дава кредит на владата,Bordo, M. (December 2007), "A Brief History of Central Banks" , Federal Reserve Bank of Cleveland. истото е и со Банката на Англија, што ја основал Вилијам Петерсон во 1694 г. во Лондон на барање на Англиската влада за да и помогне да ја плати војната. Војната на втората антифранцуска коалиција доведе до создавање на Банката на Франција (Banque de France) во 1800 г.
Иако денешните централни банки користат законско платежно средство, централните банки од 19ти и раниот 20 век во поголемиот дел од Европа и Јапонија се развиваа под влијание на меѓународниот златен стандард, а на другите места преку слободно банкарство или валутен одбор коишто тогаш беа чести. Сепак проблемите со пропаѓањето на банките, водеа до поголема поддршка за создавање централни банки во тие земји каде што ги немаше, а посебно во Австралија.
Федералните резерви на САД се основани на сенатот на Конгресот на САД со донесувањето на Законот за Федерални резерви, и истиот ден на 23 Декември 1913 г. овој закон е потпишан од претседателот Вудро Вилсон. Австралија својата прва централна банка ја формира во 1920г., Колумбија во 1923 г., Мексико и Чиле во 1925 г., а Канада и Нов Зеланд по големата криза во 1934 г. До 1935 г., единствената значајна самостојна нација што немаше централна банка беше Бразил, подоцна во 1945 г. имаа централна банка, а 20 години подоцна ја создадоја и сегашната централна банка. Откако се осамостоија и Африканските и Азиските замји формираа централни банки или монетарни сојузи.
Народната банка на Кина нејзината улога на централна банка ја започна околу 1979 г. со воведување на пазарни реформи, што го забрза развојот и во 1989 г. земјата почна да користи капиталистички пристап за извоз. Како одговор на Европската централна банка, со понатамошниот развој, Народната банка на Кина до 2000 г. стана современа централна банка. Последниот модел на банка, беше претставен заедно со донесувањето на еврото, и вклучува координирање на Европските национални банки, кои продолжуваат да управуваат со своите економии самостојно, освен со размената на валути и со основната каматна стапка.
Именување на централните банки Нема стандардна терминолигија за имињата на централните банки, но повеќето земји ја користат формата „Банка на земјата“ (на пример: Банка на Англија, Банка на Канада, Банка на Русија). Некои се наречени „национални“ банки како што се Националната банка на Украина; но терминот „национална банка“ почесто се користи кај приватните комерционални банки, посебно во Соединетите Американски Држави. Во други случаи централните банки можат да го припојат зборот „Централна“ ( на пример, Европската централна банка, Ирската централна банка), но Централната банка на Индија е (државна) комерцијална банка, не е централна банка. Исто така често е вклучен зборот „Резерви“ како што е Банката на резерви на Индија, Банката за парични резерви на Австралија, Банката на резерви на Нов Зеланд, Банката на резерви на Јужна Африка и Федералните резерви на САД. Многу земји имаат државни банки или други полу државни единици што имаат сосем одделни функции, како што се финансирањето на увозот и извозот.
Во некои земји особено во некои комунистички земји, терминот национална банка може да означува и монетарна управа, и водечка банка, како што е Госбанка (државна банка) од Советскиот Сојуз. Во други земји пак, терминот национална банка може да укажува дека целите на централната банка се пошироки од монетарната стабилност, како што се вработување, индустриски развој или други цели.
Активности и одговорности Со текот на времето, задачите и функциите на централната банка еволуирале. Така, во 1983 година, ММФ дефинирал пет основни функции на централната банка:Howard Davies and David Green, Banking on the Future: The Fall and Rise of Central Banking. Princeton and Oxford: Princeton University Press, 2010, стр. 18-19. издавање пари и раководење со девизните резерви банкар на владата банкар на комерцијалните банки регулација на финансискиот систем монетарна и кредитна политика. Меѓутоа, оваа класификација воопшто не значи дека секоја централна банка ги извршува сите наведени функции. На пример, голем број централни банки воопшто не издаваат пари; исто така, повеќе централни банки не вршат регулација на финансискиот систем; најпосле, повеќето центални банки само делумно работат како банкар на владата, т.е. тие го извршуваат платниот промет за сметка на владата, но немаат право да ја кредитираат или да раководат со јавниот долг. Во 2009 година, Банката за меѓународни порамнувања (БИС) објавила документ во кој се наведуваат дури дваесет посебни функции на централната банка.
Во основа, централните банки се грижат за стабилноста во три области:Howard Davies and David Green, Banking on the Future: The Fall and Rise of Central Banking. Princeton and Oxford: Princeton University Press, 2010, стр. 23. стабилност на домашното ниво на цените или монетарна стабилност стабилност на девизниот курс или надворешна стабилност стабилност на финансискиот систем или финансиска стабилност
Монетарна политика Централните банки ја спроведуваат избраната монетарна политика во земјата. Најопшто ова значи дека, одлучуваат која валута ќе се користи во земјата, дали ќе се користат пари коишто владата ги прогласила за законско платежно средство, дали ќе се користи паричен систем во кој вредноста на парите одговара на некое количество злато( не е дозволено во земјите со членство во Меѓународниот монетарен фонд), валутен одбор или монетарен сојуз. Кога некоја држава има своја национална валута, тогаш треба да постои стандардизирана валута, во форма на соло меница: ветување за размена на меницата за „пари” под одредени услови. Историски гледано, ова било ветување за размена на пари за драгоцени метали за одредена цена. Денес кога валутите се законско платежно средство во многу земји, ветувањето за плаќање не содржи ништо друго освен ,,ветување за плаќање’’ на истата сума во истата валута.
Централната банка може да користи валута на друга држава, директно (со монетарен сојуз) или индиректно( со валутен одбор). Како пример за вториот случај, домашната валута на Бугарија, Хонгконг и Летонија се врзува за домашната валута за некоја стабилна странска валута.
Во земјите во коишто се користат пари коишто владата ги прогласила за законско платежно средство, изразот монетарна политика во потесна смисла на зборот може да се однесува на целите на каматните стапки и други активни мерки што ги презема монетарната управа.
Цели на монетарната политика Одржување на нивото на вработеност Фрикционална невработеност е временски период меѓу две работи, кога работникот бара нова работа или преминува од едно работно место на друго. Невработеноста за разлика од фракционалната невработеност, се смета за ненамерна невработеност.
На пример, структуралната невработеност е форма на невработеност што е резултат на несоодветноста меѓу побарувачката на пазарот на трудот, и вештините на работникот и местата каде што тој бара вработување. Макроекономската политика цели кон намалување на ненамерната невработеност. Сите работни места што ќе се создадат од зголемување на стоката за широка потрошувачка (т.е. намалување на реалната плата) Кејнс ги карактеризира како ненамерна невработеност: Мажите се ненамерно невработени ако, во случај на мал раст на цената на стоката за широка потрошувачка, прилично колку реалните плати, вкупната понуда на работници што сакаат да работат за одредена реална плата и вкупната побарувачка за истата плата ќе бидат поголеми од постоечките работни места.
Џон Мајнард Кејнс - „ Општа теорија на вработување, камата и пари“
Стабилност на цената Инфлацијата се дефинира како девалвација на валутата или еквивалентно покачување на цените во однос на валутата.
Ако инфлацијата ги намали реалните плати, Кејнс во инфлацијата гледа решение за ненамерното невработување. Сепак ,,непредвидената’’ инфлација носи загуби за давателите на заем. Така монетарната политика на Кејнс се стреми кон стабилна стапка на инфлација.
Спротивно од Кејнс, Австриската школа за економија, ја гледа инфлацијата едноставно како префрлање пари од сопственицитена парите до тие што ја покачуваат цената на валутата.
Економски раст Економскиот раст се зголемува со инвестирање во производството на технолошки напредоци. Штедењето може да обезбеди средства за инвестирање. Сепак, ниските каматни стапки и високата инфлација што ги придружува најчесто се дестимулативни за штедењето.
Стабилност на каматната стапка Во пазарната економија понекогаш има променлива каматна стапка. Оваа променливост може да создаде трошоци на давачите на заем и корисниците на заем. Така, централните банки поставија каматни стапки за да ја контролираат вредноста на парите.
Стабилност на финансискиот пазар Стабилност на девизниот пазар Конфликти поради целите Целите најчесто не можат да се одделат едни од други и затоа доаѓа до конфликт. Затоа трошоците мора внимателно да се измерат, пред да се спроведе политиката.
Издавање валута