thumb|Папесата Јована јавно се породува за време на улична поворка. Забележете го шутот зад столбот како се потсмева на настанот, како и коринтскиот столб кој има чудно лице на демон. Резба од Џовани Бокачо. Денес се наоѓа во Британскиот музеј. Околу 1353 г. Папеса Јована била славна жена која наводно владеела неколку години за време на средниот век. Приказната за неа првпат се појавува во записите од 13 векhttp://www.newadvent.org/cathen/08407a.htm, а потоа била проширена и преправана низ цела Европа. Со векови се мислело дека таа потекнува од старите верувања поврзани со римските споменици или од анти-папската сатира, иако денешните научници го сметаат ова за измислица.
Првото спомнување на жената-папа се појавува во приказната на Жан де Мајли, но најславната и највлијателна верзија била Chronicon Pontificum et Imperatorum од Мартин од Опава, напишана во 13 век. Повеќето верзии на нејзината приказна ја опишуваат како талентирана и учена жена која се преправа во машко, во повеќето приказни по наредба на љубовникот. Во најобичните приказни, заради нејзините способности, таа се издига во црковната хиерархија, на крајот избрана папа; сепак, додека јава коњ, таа раѓа дете, на тој начин откривајќи го својот пол. Во многу верзии, таа умира набргу, убиена од збеснатата толпа или од природни причини. Нејзините наследници избегнувале да се потсетуваат на неа. Легендата thumb|десно|Средновековна уметничка изведба на папесата Јована со папска тијара (папска круна). Илустриран ракопис. Национална библиотека на Франција, околу 60-тите години на 16 век.. Првото спомнување на жената-папа се појавува во приказната за Мец од Доминиканецот Жан де Мајли, Chronica Universalis Mettensiс, напишана во почетокот на 13 век. Во неговата приказна, жената-папа не е именувана, а настаните се случуваат во 1099 г. Според Жан:
Приказната на Жан де Мајли била изберена од неговиот пријател Доминиканец Етјен де Бурбон, кој ја вклопил во своето дело Седум дарови на Светиот дух. Сепак, легендата станала најпозната кога се појавила во третата рецензија (изменета верзија) на Chronicon Pontificum et Imperatorum од Мартин од Опава подоцна во 13 век. Оваа верзија, која можеби била од самиот Мартин, е првата што му дала име на ликот, истакнувајќи дека таа била позната под името „Џон Англикус“ или „Џон од Мајнц.“ Таа исто така, го менува и временскиот период од 11-ти на 9 век, кажувајќи дека Јована владеела меѓу Лав IV и Бенедикт III во 50-тите години на 9 век. Според Chronicon:
Една верзија на делото Chronicon дава различен крај на жената-папа. Според оваа верзија, таа не умира веднаш по нејзиното разоткривање, туку била затворена и симната од власт, по што потрошила многу години во покајание. Нејзиниот син од аферата станал бискуп на Остија и кога таа починала тој наредил да се погребе во неговата катедрала.
Други упатувања кон жената-папа дале раните писатели, иако ниту едно не се појавува во ракописите кои му претходат на Chronicon. Најцитираното е Anastasius Bibliothecarius (886 г.), составувачот на Liber Pontificalis, кој бил следбеник на жената-папа сè до времето на Chronicon. Сепак, приказната е најдена само во еден ракопис од Анастасиј. Овој ракопис кој се наоѓа во ватиканската библиотека, го содржи односниот премин внесен како фуснота на дното на страната. Тој не се совпаѓа во низата и не е логичен, и датира од времето по Мартин од Опава. Можно е овој „сведок“ на жената-папа да бил создаден според приказната на Мартин, но нема никаков извор за тоа. Истото е точно и за делото Приказна за папите од Маријан Скот, текст напишан во 11 век. Некои од записите во таа приказна содржат кратко спомнување на жената-папа наречена Јована (првиот извор кој ѝ дал женско име), но сите овие записи се по делото на Мартин. Легендата не се спомнува во претходните записи.
Некои верзии на легендата кажуваат дека наредните папи биле подложени на испитување, односно морале да седнат на стол кој имал дупка наречен sedia stercoraria (стол за вршење нужда) и таму кардиналот ги испитувал гениталиите за да се докаже дека папата е машко, а потоа објавувал „Duos habet et bene pendentes" („Има две, и добро се нишаат“). Подоцнежни развивања Од средината на 13 век па наваму, легендата била проширена, а многу луѓе верувале во неа. Јована била користена како пример во доминиканската проповед. Бартоломео Платина, научник кој бил префект на ватиканската библиотека, го напишал своето дело Vitæ Pontificum Platinæ historici liber de vita Christi ac omnium pontificum qui hactenus ducenti fuere et XX во 1479 г. по наредба на својот господар, папата Сикст IV. Книгата ја содржи следната приказна за жената-папа:
Папа Џон VIII: Џон, со англиско потекло, е родена во Мајнц и се велело дека ѓаволот ја донел во папската палата; таа се преправила во маж и уште кога била мала заедно со нејзиниот учител, учен човек, заминала во Атина каде го надоградила своето знаењето со помош на професорите таму така што, кога дошла во Рим запознала малку кои можеле да се рамнат со неа, многу помалку што знаеле повеќе од неа, дури и во знаењето за скулптурите; а од нејзиното знаење и прекрасно читање и расправа, стекнала толку голема почит и авторитет што по смртта на папата Лав IV (како што вели Мартин) со едногласна согласност била избрана за папа во неговата соба. Додека одела кон Латеранската црква меѓу Колосијанскиот театар (така наречен од Колосиј на Нерон) и Св. Климент, нејзините породилни маки почнале и починала веднаш, по владеење од две години, еден месец и четири дена, и била закопана на истото место без никакви свечености. Оваа приказна е раскажана на груб начин, но од страна на несигурни и нејасни автори, па затоа зборував за неа малку и кратко, бидејќи се плашев да не звучам тврдоглав и упорен ако ги прифатев толку општите приказни. Направив подобра грешка со остатокот на светот, и да е точно, она за коешто зборував можеби не е толку неверојатно.
Нови спомнувања на жената-папа се појавиле во доцниот среден век и ренесанса. Џовани Бокачо пишувал за неа во De Mulieribus Claris (1353 г.). Во делото Chronicon од Адам од Уск (1404 г.) таа се вика Агнес, и се спомнува за статуа во Рим за која се мисли дека е нејзина. Оваа статуа никогаш и никаде не била спомната од некој писател порано; веројатно тоа било вистинска статуа за која се сметало дека е направена за жената-папа. Кон крајот на 14 век излегло изданието Mirabilia Urbis Romae, водич за аџиите во Рим, кое ѝм кажува на читателите дека остатоците од жената-папа се закопани во црквата Св. Петар. Отприлика тогаш, долга низа на претходни папи биле симнати од власт којашто вклучува и жена-папа наречена „Јоханес VIII, жена од Англија“ и ја вклучуваат меѓу Лав IV и Бенедикт III.
На неговото судење во 1415 г., Жан Хас тврдел дека на црквата не ѝ е неопходен папа, бидејќи, за време на изборот на „папа Агнес“ (како што ја нарекувал), одело добро. Противниците на Хас на ова судење инсистирале дека неговото тврдење не потврдува такво нешто за независноста на црквата, но воопшто не оспорувале дека имало жена-папа.
Исто така, постоеле слични легенди на оваа. Во 20-тите години на 13 век, Доминиканецот Роберт од Узес опишува визија во којашто го видел столот „каде што, како што велат, се проверува дали папата е машко.“ папесата Јована е поврзана со неверојатни случувања. Џакомо Пенцио (филозоф 1495-1527 г.), во дело лажно препишано на Петрарка (1304-1374 г.), напишал во Chronica de le Vite de Pontefici et Imperadori Romani дека откако папесата Јована била разоткриена:
...во Бреша врнело крв три дена и три ноќи. Во Франција се појавиле неверојатни скакулци, кои имале шест крила и многу цврсти заби. Тие летале необично низ воздухот, и сите се удавиле во британското Море. Златните тела биле одбивани од морските бранови и го вознемирувале воздухот, па така многу голем број на луѓе умреле (Chronica de le Vite de Pontefici et Imperadori Romani од Франческо Петрарка).
По мрачното доба и средновековните хроничари, неколку протестантски писатели ја ставиле легендата за папесата Јована во нивните анти-католички дела. Во 1675 г., се појавила книга на англиски јазик насловена како Подарок за папски приврзаници: или животот и смртта на папесата Јована, јасно докажани од печатените копи, и записи од папски писатели и други, дека жена наречена Јована, навистина била ПАПА на РИМ, и добила син-копиле таму, на самата улица додека одела на свечена поворка. Книгата опишува, меѓу другите приказни, приказна за наводната папа Јована што раѓа син пред очите на сите, придружена со детална резба што прикажува прилично изненадено бебе кое ѕирка од под облеката на папата. Книгата била подпишана „Од ВИСТИНСКИ ЉУБОВНИК, одбивајќи ја човечката безгрешност.“ Според предговорот, авторот бил долго време мртов“ и бил „многу почитуван во римската црква“. Алан Боро му го препишува делото на Александар Кук во неговата книга, Митот за папесата Јована. Понатаму, предговорот кажува дека книгата првпат била испечатена во 1602 г. Дури во 19 век, автори како Евалдус Кист и Карл Хејс ја дискутирале приказната како вистински настан. Сепак, други протестантски писатели, како Дејвид Блондел и Готфрид Лејбниз, не ја прифатиле приказната.
Анализа и критика Повеќето денешни научници не ја прифаќаат папесата Јована како средновековна легенда. Оксфордскиот речник на папи потврдува дека оваа легенда била широко прифатена со векови, дури и меѓу католичките кругови, но разјаснува дека „не постојат современи докази за жена-папа за ниту еден од датумите предвидени за нејзиното владеење,“ и понатаму кажува дека „познатите факти од тој период оневозможуваат да се вклопи (жена-папа) во нив“.
Во 1587 г., Флоримонд де Ремонд, судија во парламентот во Бордо и антиквер, го објавил својот прв обид повторно да ја создаде легендата, Erreur Populaire de la Papesse Jeanne (исто така последнователно објавена под името L'Anti-Papesse). Трактот применил на легендата за папесата Јована човечки техники на текстуална критика, со намера да најде поверодостојни историски принципи на еклесиастичката историја, а легендата почнала да се разложува, делаљ по детаљ. Делото Erreur Populaire од Ремонд поминало низ петнаесет публикации, последната во 1691 г.
Во 1601 г., папата Климент VIII ја прогласил легендата за папесата Јована неточна. Нејзиното славно симнување од власт, запишано како Johannes VIII Femina ex Anglia, коешто било испечатено за низата папски фигури во Дуомо ди Сиена околу 1400 г., и било забележано од туристите, било или уништено или преиспечатено и преименувано, заменето од маж, папата Закари.
Легендата за папесата Јована била „успешно уништена“ од страна на Дејвид Блондел, протестантски историчар од средината на 17 век што изјавил дека приказната за папесата Јована можеби потекнува како сатира против папата Јован XI, кој починал во почетокот на неговите 20 години. Блондел, преку детална анализа на тврдењата и укажаните временски периоди, кажува дека таков настан не би можел да се случи.
Италијанскиот историчар од 16 век, Онофрио Панвинио, коментирајќи едно од делата на Бартоломео Платина кое е слично со папесата Јована, претпоставувал дека приказната за папесата Јована може да потекнува од приказните за папата Јован XII; Јован како што изгледа имал многу љубовници, вклучувајќи една што се викала Јована и што била многу влијателна личност во Рим за време на неговото владеење.
Католичката енциклопедија го образложува историскиот проблем со временскиот период: