"Пред да се раздени" (англиска верзија: If I Could Change The World) беше песната која ја претставуваше Македонија на Евровизија 2013 во Малме, Шведска. Песната беше снимена од македонско-ромската пејачка Есма Реџепова и македонскиот пејач Влатко Лозаноски. Песната беше компонирана од Дарко Димитров во соработка со Лазар Цветкоски и Симеон Атанасов, додека текстот беше напишан од Магдалена Цветкоска. Песната беше изведена на второто полуфинале на 16 мај 2013 и не влезе во финалето, освојувајќи 16то место со 28 бода.

Наводи

Категорија:Македонски песни за Евровизија