Големата шлука (Gallinago media) е мала крајбрежна птица од родот Gallinago. Големите шлуки се размножуваат во мочуриштата и влажните ливади со ниска растителност во североисточна Европа, како и севрозападна Русија. Тие се птици преселници кои зимата ја поминуваат во Африка. Ги среќаваме и во Македонија. Европската популација на овие птици е во голем пад.

Опис Големата шлука е долга од 27 до 29 см, со распон на крилјата 42-46 см и тежина 150-260 g. Перјето во основа е светлокафено со бели линии на крилата, а од клунот кон очите и грбот се протегаат темни линии. Овие птици се познати по нивниот брз и издржлив лет. Забележано е дека можат да летаат до 97 километри на час, без некоја особена помош од ветрот. Исто така, може да летаат непрестајно 48 часа, а поминуваат преку 6 760 километри при преселбата. Крилата не им се особено аеродинамични, без зашилени краеви, и вообичаено не сопираат да јадат иако имаат можности. За тоа време ги користат резервите од масти. Размножување Во сезоната на парење, мажјакот го започнува своето додворување во самрак правејќи сложени фигури. Стои исправено со накострешени пердуви на градите и раширена опашка. Или скока во воздух и произведува различни звуци како тропкање, кликање, свиркање, џагорење. Големата шлука гнездото го прави на добро скриено место, на земја. Несат 3-4 јајца. Исхрана Овие птици пасат во меката кал, избирајќи ја храната што им е на дофат. Тие главно јадат инсекти и дождовни црви, а повремено и растенија. Многу тешко се забележуваат во својата животна средина, со своите бои се камуфлирани и претопени во околината. Кога ќе се исплашат, летаат прилично подалеку додека повторно не навлезат во растителноста. Статус На големите шлуки се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици. Наводи

Надворешни врски ARKive Фотографии. Great Snipe Biology Letters

Категорија:Мочварки Категорија:Птици на Македонија