мини|Филмскиот плакат Брзи и бесни 5: Кражба во Рио, познато и како Брзи и бесни 5 — американски акционен филм од 2011 година напишан од Крис Морган и режиран од Џастин Лин. Тоа е петтото продолжение на серијата филмови Брзите и Бесните. За првпат бил прикажан во Австралија на 20 април 2011 година, а потоа во Соединетите Американски Држави на 29 Април 2011. Во Fast Five глумат Доменик Торето (Вин Дизел), Брајан О Конор (Пол Вокер) и Миа Торето (Џордана Брустер) кои планираат да ограбат 100 милиони долари од корумпираниот стопанственик Ернан Рејес (Хоакин де Алмеида) кој е гонет да биде уаспен од агентот Лук Хобс (Дјун Џонсон) од американската дипломатска служба за безбедност.
За време на снимњето на Fast Five, Universal Studios внимателно ја промени темата од претходните серијали со уличното тркање во акција за кражба вклучувајќи и коли. Правејќи го тоа, тие се надеваа дека ќе придобијат поголем круг на гледачи отколку да се задржат само на колите. Fast Five се смета за преоден дел од серијалот, вклучувајќи само една трка со коли и обрнување повеќе внимание на деловите каде што има акција како пукања и кражба од 100 илјади долари. Продукцијата прикажува сеопфатна маркетинг кампања, промовирајќи го филмот преку социјалните медиуми, виртуелни игри, кино салите, производителите на автомобили и NESCAR трките.
Fast Five постигнува финансиски успех рушејќи ги рекордите за најголемо глобално викенд отворање во април и второстепено викенд отворање во пролет и надминувајќи го Fast & Furious (2009) да стане најголем глобален филм во франшизата. Fast Five има заработка од 625 милиони долари во светот, правејќи го 66-ти на листата за најдобри филмови на сите времинња и седми најдобар филм за 2011.
Филмот доби пофални коментари, на кои им се допагаше комбинацијата од акциони секвенци кои се наспроти законите на физиката, некои од нив и го прават филмот најдобар од серијалот. Џонсон беше издвоен за неговиот настап, критичарите нарекувајќи го до сега најдоброто нешто во Fast Five и забележувајќи дека сцените објавени од Џонсон и Дизел беа најчесто најдобрите моменти. И покрај позитивниот одговор, многу коменари беа критични за времетраењето на филмот, сметајќи дека е многу долг, а други критикувајќи го односот со жените, тврдејќи дека”на жените им се цени само задницата. А дуги всушност имаат и имиња”. Јужно Африканските рецезенти беа критични за претставувањето во филмот на Рио де Жанеиро како рај за шверц на дрога и корупција, етикетирајќи го како “стереотип”. Продолжението на филмот започна во јули 2012 година.
Содржина
Кога Доменик “Дом” Торето го префрлаат со автобус во затворот Ломпос, неговата сестра Миа Торето и неговиот другар Брајан О Конор, извршуваат напад врз автобусот, предизвикувачи да се преврти и да го ослободат Дом. Додека властите трагаат по нив, триото бега во Рио де Жанеиро. Чекајќи го пристигнувањето на Дом, Миа и Брајан му се придружуваат на нивниот пријател Винс и други учесници во работата за да украдат три коли од еден воз. Брајан и Миа дознаваат дека агентите од Американската Агенција за сузбивање на криминал со дрога се исто така во возот и дека колите се запленети. Кога Дом пристигнува со другите учесници, тој сфаќа дека еден од нив, Зизи, го интересира кражбата само за една кола, Форд ГТ40. Дом и кажува на Миа да ја земе колата, пред тој и Брајан да се борат со Зизи и неговиот приврзаник, каде што Зизи ги убива агентите од ДЕА задолжени за возилата. Дом и Брајан ги фаќаат и ги носат кај шефот на криминалот Ернан Рејес, сопственик на колите и шеф на Зизи. Рејес наредува да ги испрашуваат и двајцата за да ја дознаат локацијата на колите, но двајцата успеваат да избегаат и да се вратат во нивното засолниште. Додека Брајан, Дом и Миа ја испитуваат колата за да ја дознаат нејзината важност, доаѓа Винс кој е фатен како пробува да го извади компјутерскиот чип од неа. Признава дека планирал да му го продаде чипот на Рејес и тогаш Дом му наредува да си замине. Брајан го испитува чипот и открива дека содржи детали од криминалната империја на Рејес, вклучувајќи ги и локациите на 100 милиони американски долари во кеш. Следејќи го убиството на агентите на ДЕА во возот, по вина на Дом и неговиот тим, агентот од агенцијата за одбрана и обезбедување Лук Хобс и неговиот тим пристигнуваат во Рио да ги уапсат Дом и Брајан. Со помош на локалниот офицер Елена Невес, тие пристигнуваат во засолништето на Дом, но го наоѓаат нападнат од луѓето на Рејес. Брајан, Дом и Миа бегаат и Дом предлага да се радела и да го напуштат Рио, но тогаш Миа им кажува дека очекува дете од Брајан. Дом се согласува да останат заедно и предлага да му ги украдат парите на Рејес за да започнат нов живот. Триото организира тим за да ја извршат кражбата, собирајќи ги Хан Соел-Ох, Роман Пирс, Теј Паркер, Жизел Јашар, Лео и Сантос. Винс подоцна му се придружува на тимот откако ќе ја спаси Миа од луѓето на Рејес, добивајќи ја повторно довербата на Дом. Хобс и неговиот тим на крајот ги наоѓаат и уапсуваат Дом, Миа, Брајан и Винс. Додека ги пренесуваат до аеродромот за да ги префрлат во Америка, конвојот е нападнат од луѓето на Рејес кои го убиваат тимот на Хобс. Хобс и Елена се спасени од Дом, Брајан, Миа и Винс кои заедно се борат против луѓето на Рејес кои на крајот бегаат, но Винс е ранет и потоа умира. Сакајќи да се одмаздат за нивниот тим, Хобс и Елена се согласуваат да помогнат во кражбата. Бандата провалува во полициската станица каде што се чуваат парите на Рејес и го влечат сефот од зградата со помош на нивните коли, влечејќи го низ градот додека полицијата ги брка. Мислејќи дека нема да можат да и побегнат на полицијата, Дом го тера Брајан да продолжи без него додека тој ја напаѓа полицијата и Рејес, користејќи го сефот заврзан за неговата кола за да ги згмечи нивните возила. Брајан се враќа и го убива Зизи, додека Рејес е тешко повреден од нападот на Дом. Хобс пристигнува на местото и го убива Рејес. Хобс одбива да го ослободи Дом и Брајан, но и покрај волјата да ги уапси, се согласува да им даде 24 часа од моментот за да избегаат. Бандата си ги дели парите на Рејес, оставајќи го делот на Винс на неговото семејство, пред секој член да отиде на своја страна. На плажа, Брајан и Миа, на која веќе и се приметува стомакот, ужуваат. Брајан го предизвикува Дом на финале, не ризична трка за да се докаже кој е подобар возач. Во последната сцена, Моника Фуентес му дава папка во врска со фиднапирање на воен конвој во Берлин. Во папката Хобс гледа најнова фотографија од поранешната девојка на Дом, Лети Ортиз за која се претпоставува дека е мртва.
Улоги Вин Дизел како Доменик Торето A Професионален криминалец, уличен тркач и бегалец. Дизел бил платен 15 милиони долари за да глуми во филмот Пол Вокер како Брајан О Конор A Поранешен ФБИ агент кој подоцна станува криминалец. Тој е во врска со Миа Торето. Вокер направи многу вештини во филмот, тренирајќи со паркур професионалецот Пол Дарнел за да ги подобри своите движења. Џордана Брустер како Миа Торето A Сестра на Доменик и девојка на Брајан О Конор Тајрес Гибсон како Роман Пирс A Другар на Брајан О Конор од детството. Неговата улога беше потврдена на 30 јуни 2010 година. Гибсон беше зафатен со Transformers: Dark of the Moon во времето кога потпиша за Fast Five. Беше принуден да лета помеѓу Порторико и Атланта за да глуми во двата филма. Крис “Лудакрис” Бриџес како Теј Паркер A Пријател на Брајан и Роман од Мајами. Лудакрис ја потврди својата улога на 12 јули 2010 година, кога изјави дека дошол во Порторико да започне со снимање, продолжувајќи со улогата од 2 Fast 2 Furious. Мат Шулц како Винс A Пријател на Доменик од детството. Шулц се појавува во првиот филм, а потврдува дека ќе се врати на 16 Јули 2010. Сунг Канг како Хан Соел-Ох A Уличен тркач и бизнис партнер на Доменик во Домениканската Република. И на него исто така му е понудено да се врати во филмот, при што потврдува на 13 Јули 2010, снимајќи го овој филм како пподолжение на Tokyo Drift. Дјун Џонсон како Лук Хобс A Агент во агенцијата за безбедност. Според продуцентот Вин Дизел, улогата на Хобс првично ја замислувал со Томи Ли Џонс. Сепак, кога ги читал коментарите на својата фејсбук страна, Дизел забележал дека еден од обожавателите изразил желба да ги види Дизел и Џонсон во заеднички филм. Дизел и Лин тогаш ја средуваат улогата за Џонсон. Џонсон сакал да работи за Universal Studios, давајќи му ја нивната поддршка за време на неговата преобразба од борење во глумење. Тој ја опишува улогата како поранешен ловец на награди кој станал Американски Маршал и како најдобра варијанта за ловец на награди на планетата. Тој почнува со активна работа секојдневно за да ги подобри своите физички способности, сакајќи својот карактер навистина да наликува на “ловец” и да биде доволно застрашувачи за да претставува закана за другите ликови. Гал Гадот како Жизел Јашар A Поранешен агент на Мосад и љубовен интерес на Хан. Иако Гадот има претходно искуство со моторите, беше потребно да научи да вози со поголеиот и помоќен Ducati Streetfighter за потребите на филмот. Хоаќим де Алмеида како Ернан Рејес A Бездушен крал на дрогата претставувајќи се како легитимен стопанственик. Алмеида потврди дека ќе глуми во улога на Ернан Рејен на 16 Јули 2010. Глумејќи во неколку антагонистички улоги, тој одбива да ја прифати оваа улога, но подоцна ја прифаѓа откако збори со Лин и слушајќи за неговата улога. Елса Патеки како Елена Невес A Полициски службеник во Рио која работи со тимот на Хобс и станува љубовен интерес на Доменик. Нејзината улога ја потврдува на 16 Јули 2010. Таа оди неколку денови на тренинг со советник за воени техники и учи како да ракува со нејзиниот пиштол во различни ситуации за улогата на Елена да изгледа реално.
Споредните улоги ги сочинуваат пејачи од Порторико како Тего Калдерон и Дон Омар како Лео и Сантос соодветно, членовите од тимот за кражбата. Михаел Ирбу ја има улогата на десна рака на Рејес, Зизи. Алими Баљард, Фернандо Чиен, Јорго Константин и Геоф Меди го глумат тимот на Хобс како Фуско, Вилкес, Чато и Макрои. Мишел Родригес се појавува на фотографии како Лети Ортиз, поранешна девојка на Доменик, за која се смета дека е мртва уште во Fast & Furious. Ева Мендес се појавува како агент Моника Фуентес, повторуваќи ја својата улога од 2 Fast 2 Furious.
asdasdasdasdasda
Развивање
До 3 февруари 2010 беше потврдено дека петтиот филм, кој се нарекува Fast Five, се режираше во Fast and Furious серијалот и дека шестиот дел е во план. Исто така беше потврдено дека Дизел, Вокер, текстописецот Крис Морган и продуцентот Нил Х. Мортис ќе се вратат во своите улоги во новото продолжение. Мортис изјави дека, по успехот на Fast and the Furious (2009) кои ги спои Дизел, Брустер, Вокер и Родригес од првиот филм, продукцијата сакаше да глумат повторно во следниот. Дизел почувствува дека приказната помеѓу ликовите одиграни од него и Вокер треба да продолжи, предвидувајќи го тоа да биде во три поглавја, од кои Fast Five''' ќе биде последниот. Дизел исто така сакаше да врати неколку од ликовите од претходните серијали без итеракција, да ги соедини и да се забавуваат.
Од продукцијата најпрво планираа локацијата на филмот да биде во Рио де Жанеиро. Сепак, владата на Порторико им понуди даночни олеснувања во вкупна вредност од речиси 11 милиони долари, влијаејки на одлуката да се снима таму, користејќи го Порторико да го прикаже Рио де Жанеиро.
Universal се обиде да ги промени серијалите од улично тркање во серијали со кражба и потера со коли во стилот на Italian job (1969) и The French connection (1982), со Fast Five како преоден филм. Во април 2011, претседателот на Universal Адам Фогелсон рече:
Прашањето дали да ги ставиме Fast Five и Fast Six беше: дали може да изведеме од чиста филмска уметност со коли да претставува вистинска акциона франшиза во духот на оние филмови со кражби пред 10 или 15 години?