мини|десно|Џејсон Кид во октомври 2009

Џејсон Кид () (роден на во , САД) — пензиониран американски професионален кошаркар кој последен пат настапувал за екипата на Њујорк Никс.

Пред да заигра во НБА, Кид играл кошарка за универзитетот Беркли (Калифорнија). На НБА драфтот од 1994 година, Кид бил избран како втор пик од страна на Далас Маверикс. Првите две сезони ги одработил во Далас, а во периодот 1996-2001 ги бранел боите на Феникс Санс. Добар дел од кариерата минал во клубот Њу Џерси Нетс (2001-2008) пред повторно да заигра за Мавси.

Најголем дострел во неговата професионална кариера е шампионскиот прстен од 2011. Претходно со екипата на Нетс двапати играл во големото финале, но и во двата наврати губел од шампионот на Западната конференција. Освен тоа, тој е десеткратен учесник на Ол Стар натпреварите, како и најдобар асистент во лигата вкупно пет натпреварувачки сезони.

Џејсон Кид има богата репрезентативна кариера, освојувајќи два златни медали на Олимписките игри 2000 и 2008. На Олимпијадата 2008 тој бил капитен на американскиот состав.

Овој кошаркар има интересен играчки профил. Тој е универзален играч, кој може да асистира, поентира и да собира скокови. Во текот на натпреварите од регуларниот дел на НБА има направено 107 „трипл-даблови“ (двоцифрен број на бодови, асистенции и скокови), со што е втор на вечната листа позади Џон Стоктон. Што се однесува до натпреварите од разигрувањето, таму има направено 11 такви статистички подвизи.

Два месеци по неговото повлекување од активното играње кошарка, бил назначен за тренер на екипата на Бруклин Нетс.Џејсон Кид нов тренер на Бруклин; Утрински Весник (13.06.2013)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Играчи на Далас Маверикс Категорија:Играчи на Њу Џерси Нетс Категорија:Играчи на Феникс Санс Категорија:Играчи на Њујорк Никс Категорија:Американски кошаркари Категорија:Американски НБА кошаркари Категорија:Живи луѓе