Основно училиште „Јонче Смугрески“ (официјално: Основно општинско училиште „Јонче Смугрески“ - Обршани; скратено: ООУ „Јонче Смугрески“) — централно основно училиште во селото Обршани, Општина Кривогаштани.

Името на училиштето е во чест на македонскиот партизан Јонче Смугрески.

Местоположба

Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото, на патот кон Пашино Рувци.

Настава

Во училиштето наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик. Има вкупно 13 паралелки од прво до деветто одделение со вкупно 163 ученици.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта: ПУ „Јонче Смугрески“ - Бела Црква, подрачно училиште на македонски наставен јазик; и ПУ „Јонче Смугрески“ - Боротино, подрачно училиште на македонски наставен јазик.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Кривогаштани Категорија:Обршани Обршани Категорија:Основни училишта во Македонија