Либен (Шпревалд) (, ) — град и административно седиште на округот Даме-Шпревалд, во областа Долна Лужица, сојузната покраина Бранденбург, Германија.
Историја
Замокот Лубин во Лужичката марка бил првпат споменат во 1150, а самиот град добил градски права во 1220. Од 1301 градот бил во посед на монасите од Опатијата Добрилуг, кои го продале на војводата Рудолф I од Саксо-Витенберг во 1329. По неколку конфликти со маркгрофовите Вителсбах од Бранденбург, Лужичката марка конечно била освоена од императорот Карло IV во 1367, кој го припоил Либен во Кралството Бохемија. Во 15 век, Либен станал седиште на бохемискиот администратор и на покраинското собрание за Долна Лужица.
Во 1526, Хабсбуршката династија го наследила Кралството Бохемија, вклучувајќи ја Лужица, но во 1623 бил доделен на изборниот кнез Јохан Георг од Саксонија. Конечно со потпишување на Прашкиот мир, градот потпаднал под Саксонија. По Напеоновите војни повторно се нашол во пруската покраина Бранденбург.
Знаменитости
Биосферен резерварт Шпревалд Замок Либен, повторно изграден на средновековни темели во 17 век Дворец Нојхаус во Штајнкирхен, изграден во 1801 Романска црква Св. Панкрас во Штајнкирхен, изградена на почетокот на 13 век, една од најстарите зачувани цркви во Долна Лужица Црква Паул Герхарт Римокатоличка црква Св. Троица, изградена во 1862
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница Стари разгледници од Либен
Категорија:Даме-Шпревалд Категорија:Населени места во Долна Лужица Категорија:Бранденбург (покраина)