Звонко Стојановиќ Хаџипоп (р. 14 декември 1932 во Мостар) — поет, прозаист, писател за деца. Дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Членува во Друшвото на писателите на Македонија од 1973 г.
Во 1996 г., Американскиот биографски институт од Роли, Северна Каролина нему и на неговиот брат Љубиша Стојановиќ (1936-2006) им доделува дипломи за личности од целиот свет за особени заслуги во современото општество и ги вклучува во Библиографска енциклопедија (VI изд. за 1997 година).
Добитник е на наградата „РТВ Скопје“ на СВП за книгата „Децата скакаат до сонцето“.
Дела
„Децата јаваат на ѕвезди“ (поезија), „Децата скакаат до сонцето“ (поезија за деца, 1983), „Добрите говорат утре“ (поезија, 1972) „Годишно време љубов“ (роман, 1990) „Цветот нема страни“ (роман, 1995) „Виножитото ја докитува далечината“ (роман, 2000) „Прометеј приземјува пламен“ (роман, 2000) „Светлината создава сè“ (роман, 2000) „Најдрагите наидуваат надвременски“ (2013)
Категорија:Родени во 1932 година Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски романописци Категорија:Македонски писатели за деца Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Луѓе од Мостар Категорија:Срби во Босна и Херцеговина Категорија:Македонски Срби