Вознесение Христово или Свети Спас — македонски православен храм во селото Кожле во околината на градот Скопје. Сместена е во дабова шума, недалеку од последните селски куќи во југоисточен правец. Изградбата на црквата датира од 1847 година, за што сведочи и архитектонскиот изглед. Внатрешноста на црквата е живописана со фрески со карактеристична техника на цртање за средината на XIX век. Непосредно околу црквата во дабовата шума се наоѓаат селските гробишта, каде што се наоѓа и гробот на македонскиот академик, поет и книжевник Гане Тодоровски. Во негова чест во дворот на црквата се одржуваат поетски читања. Галерија
Наводи
Кожле