Мустаклестата сипка () е мала врапчевидна птица со силно изразен полов диморфизам. Иако, во македонскиот јазик името ѝ е сипка, таа не спаѓа во семејството на сипките (Paridae), туку во блиското семејство Panuridae. Оваа птица ја има во Македонија.
Таксономија Отпрво, мустаклестата сипка била сместена во семејството на вистинските сипки (Paridae), па префрлена во папагалестите (Paradoxornithidae). Но, по неодамнешни истражувања, се дошло до заклучок дека е единствен вид, неповрзан со други и затоа е сместена во монотипичното семејство на мустаклести сипки Panuridae. Распространетост и живеалиште Мустаклестата сипка е широко распространета во умерена Европа и Азија. Таа е постојан жител, и повеќето птици не се селат, освен поради нагли временски промени или многу студено време. Таа е подложна на тешки зими, кои можат да убијат многу птици. Опис Оваа птица е мала, портокаловокафеава по боја со долга опашка и брановиден лет. Долги се околу 15 см. Мажјакот има синосива глава и црни долги „мустаќи“ (не и брада). Женката нема мустаќи и главата ѝ е кафеава. Јатото често го предава своето присуство во грмушките со карактеристичното ѕвонливо пинг огласување. Живеалиште и исхрана Мустаклестата сипка живее во влажни предели, во колонии крај езера со трска. Лете се храни со инсекти и пајаци, а зимно време се прилагодува во исхраната и јаде со семе од трска. Размножување Обично, мустеклестите сипки гнездат во колонии, поточно, во двојки, но близу едни до други. Гнездото е сместено ниско во трската и е во облик на чашка. Несат 5-7 јајца кои ги квачат околу 12 дена и двата родитела. Грижата за потомството во гнездото продолжува 9-12 дена. За една година може да се одгледуваат две легла. Галерија
Наводи
Надворешни врски
Bearded Reedling videos, photos & sounds on the Internet Bird Collection Song of the Bearded Tit (Real Audio soundfile from Sveriges Radio P2) Ageing and sexing (PDF; 3.1 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze
Категорија:Птици на Македонија Категорија:Сипки Категорија:Врапчевидни Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј