Охридски пливачки маратон — меѓународно натпреварување во пливање на отворени води. Се одржува еднаш годишно во водите на Охридското Езеро во Македонија. Патеката „Климе Савин“ за препливување е долга 30 км — од манастирот „Свети Наум“ до Градското пристаниште во Охрид. Маратонот претставува дел од Гран при серијата на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА).
Историја
Првата маратонска трка на релацијата „Горица – Охрид“, во должина од 2,5 км, е одржана во 1954 г. Учествувале осмина пливачи, а победил Нико Нестор. Следните се одржани во 1956 и 1957 година, победници Дики Бојаџи и Ѓоко Чудов. Се натпреварувале и жени, а најдобри биле Снеже Групчева и Соња Думбалоска. Првиот вистински маратон се одржал во 1962 година на патеката Пештани - Струга - Охрид во должина од 36 км и победил Абу Хеиф од Египет, втор бил Вилјам де Вренг од Холандија, а трет Дики Бојаџи од Македонија. Во женска конкуренција победила Атина Бојаџи од Македонија, инаку сестра на Дики Бојаџи. Маратонот продолжил да се одржува до 1966 г. (со исклучок на 1963 г. поради Скопскиот земјотрес), a од 1992 г. се одржува секоја година на патеката „Климе Савин“. Од 1998 г. натпреварувањето е дел од програмата на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА)Охридски пливачки маратон, http://www.ohridsss.com.mk , 20.08.2012 г.. Во 2008 г. маратонот е одбележан со голема прослава.
Натпреварувачот со најмногу победи кај мажите (11 од 20 учестваСтојчев : “Сакам со победа да се простам од Охрид“, http://ohridnews.com, 20.08.2012 г.) е бугарскиот пливач Петар СтојчевПетар Стојчев по единаесетти пат победник на Охридскиот пливачки маратон, http://24vesti.com.mk, 20.08.2012 г., а кај жените 4-кратната победничка од кои 3 последователни победи - Едит ван Дајк од Холандија.
По традиција наградите на победниците им ги доделува претседателот на Република Македонија, кој воедно е и покровител на маратонот.
Табела на победниците
ГодинаПобедникНационалностВреме (h:m:s)ПобедничкаНационалностВреме (h:m:s)1962Абу ХеифАтина Бојаџи1964Џулио ТраваљоЈонкова1965Мохамед ХанафиЏудит Денис1966Мохамед Ханафи1985Дарјуш Тесарек1992Павел РамдисекТеодора Раптис1993Золтан КадеРита Ковач1994Хулио ФернандесНаташа Томановиќ1995Хулио ФернандесНаташа Томановиќ1996Давид Мека МединаРита Ковач1997Давид Мека МединаАне Шењо1998Давид Мека МединаПеги Буксе1999Алексеј АкатјевПеги Буксе2000Игор Мајцен5:19:49Едит Ван Дајк2001Петар СтојчевЕдит Ван Дајк2002Петар СтојчевЕдит Ван Дајк2003Петар СтојчевАнгела Маурер2004Петар СтојчевАнгела Маурер2005Жил Ронди5:23:58Едит Ван Дајк2006Петар Стојчев5:36:19Дарја Поп2007Петар СтојчевЕстер Нуњес Гомес Морера2008Петар Стојчев6:14:51Штефи Билер2009Петар Стојчев5:25:38Камила Фредијани2010Петар Стојчев5:37:39Карла Ситиќ2011Петар Стојчев5:35:13Карла Ситиќ2012Петар Стојчев5:19:30Естер Њуњес Гомес Морера2013Аксел Ремон5:09:54Мартина Грималди2014Брајан Рикеман5:41:47Силие Рибарова2015Евгениј Поп Ацев5:39:42Аличе Франко2016Томи Стефановски5:55:18Олга Козудуб2017Александар СтуџинскиОхридски маратон: Стуџински во фото-финишот побрз од Поп Ацев5:15:14Барбара Поцопон2018Франческо Џетини5:13:59Барбара Поцопон2019Аксел Ремон5:20:55Аличе Франко2020 - Не се одржал заради пандемијата од коронавирус20212022Матијас Дијаз5:50:29Рита Ванеса Гарсија7:57:502023Алесио Окипинти4:53:14Каролин Жуис5:05:59
Наводи
Надворешни врски FINA Open Water Swimming Grand Prix 2012 - Ohrid Lake (MKD) , http://www.fina.org
Категорија:Спортот во Охрид Категорија:Пливање во Македонија