Министерството за правда е едно од министерствата во Владата на Македонија.Актуелен министер за правда е Игор Филков.

Надлежности Надлежностите на министерството се:

- судството, јавното обвинителство, јавното правобранителство; - државната управа; - кривичната одговорност и одговорноста за прекршоци; - нотарските работи, адвокатурата и други видови правна помош; - наследувањето, сопственоста, стварните права и облигационите односи; - меѓународната правна помош; - извршувањето на санкциите за кривични дела и прекршоци; - организацијата и управувањето со казнено-поправните и воспитно-поправните установи; - амнестијата и помилувањето; - судските вештачења, експертизи и супер-вештачења; - изборниот систем, водењето евиденција на избирачкото право; - кривичната, прекршочната, парничната, вонпроцесната, извршната и управната постапка; - управниот надзор; - вршењето на работите што не спаѓаат во надлежност на друг орган на државната управа и - врши други работи утврдени со закон.

Наводи

Поврзано

Влада на Република Македонија

Надворешни врски Официјално мрежно место Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права Управа за водење на матичните книги Електронски матичен регистар

Категорија:Министерства на Република Македонија