Свети Илија — македонски православен храм во селото Градовци во околината на градот Скопје. Сместен е во густа дабова шума на крајот на горното маало на селото, веднаш од десната страна на земјениот пат кој води кон селата Гумалево и Тисовица. Црквата се наоѓа југозападно од селото и во нејзината околина има старински гробишта со камени крстовиТрифуноски Ф. Јован. „Поречието на Кадина Река“. Филозофски факултет Скопје, 1952 г. стр.86, кои до денес се добро зачувани. Оваа црква во 1923 на местото на остатоците од дотогашното црквиште (имало „ѕидини“) ја изградил еден селанец (Блаже Станковски) кој немал машки деца. На денот на црквата, Илинден, се колела жртва (крава) крај црквата. Околу црквата има свети и чудотворни („табуисани“) дабови, кои се оградени со железна ограда и крај кои населението пали свеќи и остава пари и разни дарови. Според натписот на влезот на црквата таа била возобновена во 1993 година, кога го добила и денешниот изглед со покриена трпезарија со маси и фрески и икони дарувани за здравје од семејства со потекло од селото Градовци. Галерија

Наводи

Категорија:Градовци Градовци Категорија:Македонската архитектура во 1993 година