мини|200п|десно|Хотел Llao Llao во Барилоче, Аргентина. мини|200п|десно|Хотелот „Бурж Ал Араб“ во Дубаи

Хотел е објект кој нуди платено сместување за релативно краток временски период. Порано, под поимот „сместување“ се подразбирало само сопствена соба со најнужните работи како кревет, маса, плакар и др. Денес, како најелементарни услови во една хотелска соба се сметаат имањето клима-уред, телефон, ТВ, како и мини-бар со пијалак и закуска. Поголемите хотели нудат дополнителни услуги како базен, џакузи, сала за вежбање, па сѐ до сала за прес-конференции.

Хотелските соби вообичаено се нумерирани за гостите да можат полесно да го пронајдат својот апартман. Голем дел од хотелите нудат барем еден оброк како дел од платениот престој. Во Велика Британија постои законска одредба со која на хотелите им е наложено да послужуваат оброк во договорено време. Во Јапонија постојат хотели-капсули, кои се објекти со минимален простор за спиење.

Зборот „хотел“ настанал од францускиот збор hôtel (од фр. „hôte“ што значи гостин) кој означувал секаков вид на градба која на посетителите им нудела сместување. Во современиот француски речник, овој збор има исто значење како и во македонскиот.

Хотелските објекти може да се поделат според големината, функционалноста и цената. Според овие критериуми, постојат неколку категории на хотели, почнувајќи од стандардите хотели со повеќе ѕвездички сѐ до ботелот. Постојат и повеќе хотелски синџири кои имаат свои објекти ширум светот. Од нив се издвојуваат: „Хилтон“, „Мериот“, „Хајат“ и „Холидеј Ин“.

За најстар хотел во светот се смета „Нисијама Онсен“ од префектурата Јаманаши, Јапонија. Тој почнал со работа уште во 707. година од нашата ера и бил управуван од истото семејство цели 46 генерации. Според Гинисовата книга на рекорди, хотелот близу селото Измајлово, Москва, се смета за хотелот со најмногу соби (7.500). Исто така, недалеку од германскиот остров на Балтичкото Море, Руеген, се наоѓа хотелот „Прора“, кој е најголемиот хотел на светот, со 10.000 соби, но веќе неколку децении тој не се користи како хотел. Тој бил изграден меѓу 1936 и 1939 година, а по Втората светска војна служел како воен комплекс.„Хотел без гости“, Дневник, година XIX, број 5794, петок, 19 јуни 2015, стр. 24. Од друга страна, пак, највисокиот хотел е сместен во Хонгконг. Се вика „Риц-Карлтон“, а неговата височина е 484 метри, со 312 соби за издавање. На 28 февруари 2016 година, на околу 70 км од градот Петропавловск-Камчатски, на полуостровот Камчатка бил отворен првиот хотел изграден од мраз.„Се отвора првиот хотел од мраз на полуостровот Камчатка“, Дневник, година XX, број 5995, понеделник, 22 февруари 2016, стр. 24.

Хотелот како тема во уметноста и во популарната култура

Хотелот како мотив во книжевноста „Откритие“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 65-66. „Хотел“ - песна на полскиот поет Адам Важик.Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 84. „Хотелско сапунче“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година.Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 64-65. „Хотел Загорје“ - книга на писателката Ивана Симиќ Бодрожиќ.Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 18. „Хотелите што ги нема“ — краток расказ на Оливера Ќорвезироска од 2021 година.Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 417-419.

Хотелот како мотив во музиката „Хотелот Јорба“ (англиски: Hotel Yorba) — песна на американската рок-група Вајт страјпс (The White Stripes) од 2001 година.Discogs, The White Stripes ‎– White Blood Cells (пристапено на 9.10.2021) „Хотелот Морисон“ (англиски: Morrison Hotel) — музички албум на американската рок-група Дорс (The Doors) од 1970 година.Discogs, The Doors ‎– Morrison Hotel (пристапено на 9.8.2020) „Хотел Калифорнија“ (англиски: Hotel California) — песна на американската рок-рупа Иглс (Eagles).YouTube, hotel california video oficial (пристапено на 8.1.2017) „Хотел“ (француски: L'Hôtel) — песна на швајцарската електро-поп група Јело (Yello) од 1987 година.Yello – One Second (пристапено на 9.4.2024) „Ѕвезден хотел“ (англиски: Star Hotel) — песна на австралиската поп-рок група Колд Чизел (Cold Chisel) од 1980 година.YouTube, Cold Chisel - East (1980) Full Album (пристапено на 29.9.2017) „Изгорен хотел“ (англиски: Burnt-Out Hotel) — песна на израелската рок-група Минимал компакт (Minimal Compact) од 1984 година.Minimal Compact – Deadly Weapons (пристапено на 17.12.2023) Хотел Неутрално млеко (англиски: Neutral Milk Hotel) — американска рок-група.Neutral Milk Hotel - Официјално мрежно место (пристапено на 3.5.2017) „Најди хотел“ (англиски: Get A Hotel) — песна на британската рок-група Фол (The Fall) од 1988 година.Discogs, The Fall ‎– The Frenz Experiment (пристапено на 22.10.2020) „Хотел Бледел“ (англиски: Hotel Blöedel) — песна на британската рок-група Фол од 1983 година.Discogs, The Fall – Perverted By Language (пристапено на 7.1.2025)

Хотелот како мотив во филмот „Хотел Трансилванија“ (англиски: Hotel Transylvania) - американски анимиран филм од 2012 година, во режија на Генди Тартаковски.IMDb, Hotel Transylvania (2012) (пристапено на 2.4.2017)“ „Хотел Трансилванија 2“ (англиски: Hotel Transylvania 2) - американски анимиран филм од 2015 година, во режија на Генди Тартаковски. „Гранд хотел Будимпешта“ (англиски: The Grand Budapest Hotel) - филм во британско-германско-американска копродукција од 2014 година, во режија на Вес Андерсон.IMDb, The Grand Hotel Budapest (2014) (пристапено на 19.2.2015) „Хотел од милион долари“ (англиски: The Million Dollar Hotel) - филм во режија на Вим Вендерс од 2000 година.Антена, број 747, 19.10.2012, стр. 3.

Наводи

Поврзано

Список на најголемите хотели во светот Категоризирање на хотелите Хотелски менаџмент Туризам Мотел

Галерија

Категорија:Хотели Категорија:Туризам Категорија:Угостителство Категорија:Туристичко сместување Категорија:Галицизми