Политбирото на Комунистичката партија на Кина (кин. 中国共产党中央政治局; пинјин: Zhōngguó Gòngchǎndǎng Zhōngyāng Zhèngzhìjú) е посебен орган од 19-25 членови што вршат надзор работата на Комунистичката партија на Кина. За разлика од политбироата на другите комунистички партии, одлучувачката моќ е содржана во неговиот Постојаниот комитет. Политбирото е вообичаено назначено од Централниот комитет.
Моќта на Политбирото се должи на тоа што неговите членови воедно се и високи државни функционери што го контролираат назначувањето на кадрите во самото политбиро и Секретаријатот Покрај ова, сите тие се на највисоки функции на покраинско ниво. Работењето на овој орган не е доволно познато, но се смета дека целото политбиро се среќава еднаш месечно, а постојаниот комитет се состанува еднаш неделно. Агендата на состаноците ја определува Генералниот секретар, а одлуките се носат со консензус.
Тековен состав (XX Политбиро) XX Политбиро е избрано на првата пленарна седница на XX Централен комитет во октомври 2022 г. Еве го неговиот состав:
Поврзано Централен воен комитет Централен комитет на Комунистичката партија на Кина Секретаријат на Комунистичката партија на Кина Постојан комитет на Политбирото на Комунистичката партија на Кина
Наводи
Категорија:Комунистичка партија на Кина