Кирил Барбареев — проректор за развој, инвестиции и одржување на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Своето високо образование го започнал на Педагошкиот факултет во Штип во учебната 1997/1998 година. Дипломските студии ги завршил во 2001 година и стекнал со диплома за завршени студии со звање дипломиран професор-воспитувач.

Во 2002 година се запишал на постдипломски студии на Филозофскиот факултет на Институтот за педагогија во Скопје и во јули 2007 година се стекнал со звање магистер по педагошки науки со одбрана на магистерскиот труд на тема „Локалниот курикулум во воспитно-образовната работа со децата од подготвителната година“. Своите докторски студии ги завршил во 2010 година на Филозофскиот факултет во Скопје на тема „Образованието и професионалниот развој на воспитувачите во предучилишното воспитание и образование“, со што се стекнал со звање доктор на педагошки науки.

По завршувањето на магистерските студии со Одлука на Наставно-научниот совет на Педагошкиот факултет во Штип е избран за асистент по предметите Методика на воспитно-образовната работа по култура на говорот и Педагошка практикаМрежно место на доц. д-р Кирил Барбареев - „Настава“ . Во своето работно искуство, во 2004 година е вработен како асистент на Педагошки факултет во Штип при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје, а во 2011 година е избран како професор на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Членство во професионални и универзални асоцијации

Член на асоцијација на ректори на педагошки универзитети во Европа. Член на Ректорска управа на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Член на Универзитетски сенат на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Член на Наставно-научен совет на Факултет за образовни науки. Раководител на Катедра за дидактика и методика. Член на Комисија за развој, инвестиции и планирање на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Член на Надзорен одбор за спорт на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип. Раководител на Центар за односи со јавноста. Портпарол на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

Област на истражување

Образование на наставници. Системи за перманентно образование. Образовна политика. Методика. Објавени научни и стручни трудови

Наводи

Надворешни врски Мрежно место на доц. д-р Кирил Барбареев Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип Официјално мрежно место на Факултет за образовни науки Репозиториум на УГД Електронска библиотека на УГД

Категорија:Професори на УГД Категорија:Македонски универзитетски професори