Аеродром Скопје Стенковец или уште познат како LWSN — аеродром кој се наоѓа на 9 километри од Скопје, Македонија. Ова е единствениот спортски аеродром во околината на Скопје.

Одобрен е за слетување и полетување на воздухоплови со максимална дозволена тежина на полетување од 5,700 килограми. Аеро клуб „Скопје“ е корисник на аеродромот. После 2005 година овој аеродром доживеал експанзија и започнал да удомува многу приватни авиони. Започнале да се градат и приватни хангари и приватни воздухопловни школски центри.

Стенковец е база на Аероклуб Скопје, Pipistrel Flying Club - PFC, Wing Air Team. Главни активности на аеродромот се: моторно летање, летање со ултралесни авиони, едрилици, падобранство, парамоторно летање и моделарство.

На ареродром во 2019 година била осветена црква „Св. Ава Сисој Велики“.Мало осветување на параклис

Мало осветување на параклис Наводи

Категорија:Аеродроми во Македонија Категорија:Сообраќајот во Скопје