Макасарскиот Проток () е проток помеѓу островите Борнео и Сулавеси во Индонезија. Ги спојува Целебеското Море на север и Јаванското Море на југ.
Во протокот се влева реката Махакам на Борнео.
Долж протокот се сместени пристанишните градови Баликпапан (Борнео) и Макасар и Палу (Сулавеси). По течението на реката Махам е се наоѓа и градот Самаринда, 48 км спротиводно од протокот.
Протокот е мошне прометен поморски пат за бродовите кои се преголеми за да одат низ Малачкиот Проток.
Граници Според Меѓународната хидрографска организација (МХО), Макасарскиот Проток е една од водите на Источноиндискиот (Индонезиски) Архипелаг, и ги има следниве граници: Преминот помеѓу источниот брег на Борнео и западниот брег на Целебес [Сулавеси] граничи со: <p>на север. Линија од Танџонг Мангакалихат, Борнео () и Стромен Кап, Целебес (). <p>на југ. Линија од југозападниот крај на Целебес (), преку јужниот крај на Тана Кеке, до јужниот крај на Лаут, () а оттаму по западниот брег на тој остров до Танџонг Киви, а оттаму напреку до Танџонг Петанг, Борнео () на јужниот крај на Лаутскиот Проток.
Поврзано Малачки Проток Сундски Проток Комбочки Проток
Наводи
Категорија:Протоци во Индонезија Категорија:Борнео