Црн слез — растение од фамилијата Слезови (Malvaceae).

Име

Латинското име е malva silvestris. На македонското јазично подрачје познато е како црн слез, див слез, малуха (Клепушна, З'хнинско), камилец (Хаџи Бејлик, Демир Хисар), шапка (Кукуш), шљас (Сенгелево, Демир Хисар), камбула (Дојран и Пирава, Гевгелија), коњак (Страчишта, Неврокоп).Билтен на одборот за изработување на македонската терминологија, МАНУ, Скопје, 1974, стр. 8

Опис на растението мини|лево|Лист од црн слез

Растението има стебло високо од 20 до 150 cm, растечко нагоре или легнато, најчесто разгрането и во основата вдрвенето. Листовите имаат облик на дланка, на 3-5 места прстесто врежани, поставени на долги дршки. Цветовите се многубројни, по 2-6 или повеќе во пазувите на листовите во гроздовидни соцветија и светловиолетови по боја.

Употреба Во 1931 година, англиската треварка и научник, Мод Грив, напишала дека „употребата на овој вид слез е заменета со мочуришниот слез (Althaea officinalis), кој ги поседува истите својства во поголем степен, но сè уште е омилен лек кај селаните каде што не може да се најде мочуриштен слез“. Варените млади листови се јаделе како зеленчук во неколку делови на Европа во 19 век.

Во Мароко, Тунис и Палестина, листовите „Малва“ се попаруваат со лук и домати, и се јадат како предјадење или салата. Во Египет, од листовите се прави растително јадење слично на чорба, особено во зима. Во традиционална медицина, М. sylvestris се користи во билкарство, посебно плодот. Семето се вари и се пие густо или пак подготвено како чај, а листовите се користеле како надворешни облоги врз кожата.

Црниот слез долго време се користел како природен обојувач за добивање жолта боја.

Наводи

Категорија:Слезови Категорија:Флора на Европа Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Растителни вапсила Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј