Ние е лична заменка за прво лице множина во македонскиот јазик. Оваа лична заменка се користи да се означиме себеси како група, односно повеќе од едно лице вклучувајќи го и лицето кое зборува.

Лични заменки Личната заменка „ние“ се користи како подмет во реченицата, односно да се означат лицата кои го врши дејството и лицата за кого се однесува нешто. Останатите форми за првото лице множина може да се видат во следнава табела, која патем ги наведува сите лични заменки во македонскиот јазик:

Потекло Старословенската форма еквивалентна на македонската „ние“ е ''. Така, оваа македонска лична заменка не е сосема иста со останатите заменки за прво лице множина на останатите словенски јазици, спореди: my на словачки, лужичкосрпски, чешки и полски, mi на словенечки, српски, хрватски, босански и црногорски, ние на бугарски, мы на руски и белоруски и ми на украински.Лични заменки во словенските јазици, на англиски.

Македонската заменка „ние“ настанала од старословенската , но во македонскиот 'м' била заменета со 'н' поради тоа што имало наслон на создавање множинска форма со 'н-'. Потсилувањето на старата едносложна заменска морфема била извршена со додадање на гласот 'е', сè со цел да се закрепи нивната изразеност.Конески, Блаже (1967), Историја на македонскиот јазик, Скопје, стр. 144

Употреба Оваа лична заменка се користи да се означиме себеси, односно повеќе од едно лице вклучувајќи го и лицето кое зборува. Во некои македонски дијалекти се користи и формата „мие“.

Поврзано Заменки во македонскиот јазик Номинатив

Наводи

Категорија:Лични заменки во македонскиот јазик