Шејди Рекордс () е американска издавачка куќа основана во 1999 година од страна на раперот Еминем (познат и под псевдонимот Слим Шејди) со помош на неговиот менаџер Пол Розенберг по успехот со албумот The Slim Shady LP. Оваа куќа досега издала 21 студиски албум, од кои 14 биле одликувани со платинест сертификат од страна на Здружението на музичките сниматели на Америка. Освен Еминем, од попознатите имиња кои членуваат во Шејди Рекордс се 50 Cent, Yelawolf и D12.
Наводи
Надворешни врски Официјална страница
Категорија:Американски издавачки куќи Категорија:Издавачки куќи за хип-хоп музика Категорија:Еминем