мини|десно|Тахос крај ѕидните на замокот Алмоурол
Тахо () или Тежо ()Во антиката: ; , Тагос. — најдолга река на Пиринејскиот Полуостров. Долга е 1.038 км, од кои 716 км се во Шпанија, 47 км долж шпанско-португалската граница и 275 км во Португалија, каде се влева во Атлантскиот Океан близу Лисабон. Сливот зафаќа површина од 80.100 км2 (втор по големина на полуостровот, по оној на Дуеро). Најголемиот дел од течението на реката е добро искористено за стопански цели. Постојат неколку брани и свртници што служат за водоснабдување за средна Шпанија (со Мадрид) и Португалија, како и десетици хидроелектрани за електростопански потреби. Помеѓу браните, течението е мошне стеснето, но по Алмоурол, реката влегува во огромна наносна долина што често ја поплавува. Устието на вливот во океанот е во Лисабон.
Реката извира во Фуенте де Гарсија, како и од посебни водотеци на Универзалните, Ибериските и Албарасинските Планини. Сите поважни притоки се влеваат во реката од десниот брег. Тахо минува низ градовите Аранхуес, Толедо, Талавера де ла Реина и Алкантра во Шпанија и Абрантес, Сантарем, Алмада и Лисабон во Португалија.
Течение Во Шпанија Првото позначајно населено место на реката Тахо е Саседон. Под Аранхуес во реката заедно се влеваат притоките Енарес и Тахуња. Под Толедо ѝ се придружува и реката Гвадарама. Над Талавера де ла Реина се приклучува притоката Алберче. Кај Валдевердеха се наоѓа горниот крај на хидроакумулацијата „Валдекањас“, по која доаѓаат други: ХЕЦ „Торехон“, каде се влева Тјетар, и ХЕЦ „Алкантра“, во чиј долен крај истекува реката Алагон.
Во Португалија Откако ќе протече низ пределите што ја образуваат државната граница, Тахо влегува во Португалија (под името „Тежо“) и минува низ Вила Велја де Родао, Абрантес, Констансија, Ентронкаменто, Сантарем и Вила Франка де Шира на почетокот на долг и тесен естуар, на чие устие е сместен градот Лисабон. Ова подрачје е заштитено како Природен резерват „Устие на Тахо“. Тука се наоѓа и најдолгиот мост во Европа — „Васко де Гама“ со распон од 17,2 км.
Регионите Алентежо и Рибатежо во Португалија се наречени по реката.
Геологија Долното течение на Тахо се наоѓа на геолошки расед. Пролизгувањата (смолкнувања) долж него се причинител за поголем број на земјотреси, од кои особено историско значење имаат оние во 1309, 1531 и 1755 г. (познатиот Лисабонски земјотрес). На Google Книги
Поврзано
Список на реки во Шпанија Список на реки во Португалија
Наводи
Категорија:Реки во Шпанија Категорија:Реки во Португалија Категорија:Меѓународни реки во Европа Категорија:Реки во Екстремадура Категорија:Реки во Кастиља-Ла Манча Категорија:Реки во Мадрид (автономна заедница)