14. Светско првенство во атлетика беше одржано во Москва, Русија од 10 до 18 август 2013. Првенството беше одржано на олимпискиот Стадион Лужники кој е со капацитет од 78,360 места.
За првпат по 2001 година, Русија застана на врвот на табелата на медали, освојувајќи седум златни медали, додека пак САД беа најодликувана нација на првенството со вкупно освоени 25 медали.
Јусејн Болт и Шели-Ен Фрејзер-Прајс од Јамајка беа најуспешни спортисти на првенството со освоени три златни медали. Со освоените три златни медали, Болт влезе во историјата како најуспешен спортист на светските првенства со вкупно освоени 8 златни и 2 сребрени медали.
Избор на домаќин Откако поминал рокот за поднесување на пријава за организирање на првенството на 1 декември 2006, четири градови (Барселона, Бризбејн, Москва и Гетеборг) влегле во трката за град домаќин на првенството . Еден месец подоцна, Гетеборг ја повлекол својата кандидатура, наведувајќи недостиг на финансиска поддршка од Шведската влада. Светската атлетска федерација (IAAF) на конгресот во Момбаса, (Кенија) на 27 март 2007 објавила дека градот Москва ја добил организацијата на првенството. Претходно градот бил домаќин на Летните олимписки игри 1980 и на Светското првенство во атлетика во сала 2006.
Распоред на натпреварување
Резултати Мажи Патека Јусејн Болт од Јамајка се искачи на врвот на табелата на медали на сите времиња со освојувањето на трите златни медали. Тој победи на трките на 100 метри, 200 метри, како и на штафетната трка на 4x100 метри, каде штафетниот тим на Јамајка забележа победа над тимот на САД. По освоениот трет златен медал, Болт влезе во историјата со вкупно освоени 8 златни и 2 сребрени медали, поминувајќи го резулатот на Карл Луис од 8 златни, 1 сребрен, и 1 бронзен медал. Џехју Гордон од Тринидад и Тобаго успеа да го освои златото пред Мајкл Тинсли за само една стотинка на трката на 400 метри со пречки. Ова беше прв златен медал за Тринидад и Тобаго по 1997 година. Емир Бекриќ го освои бронзениот медал, поставувајќи нов национален рекорд на Србија. Феликс Санчес, натпреварувајќи се за Доминиканската Република, исто така се пласира во финалето на 400 метри со пречки, забележувајќи го своето седмо финале по ред на светските првенства.
Британецот Мо Фарах забележа победи на трките на 5,000 и на 10.000 метри, со што стана само вториот човек во историјата кој ги овоил двете злата и на светските првенства и на олимписките игри. Единствен човек кој претходно тоа го имаше сторено беше Кенениса Бекеле од Етиопија. Стивен Кипротич од Уганда ја прекина серијата на Кенијците која траеше од 2005 година, и успеа да го освои златото на маратонската трка. Етиопијанците Лелиса Десиса и Тадесе Тола завршија на второто и третото место редоследно.
100 метри 9.77SB 9.85SB 9.95200 метри 19.66WL 19.79PB 20.04400 метри 43.74 WL,PB 44.40PB 44.52SB800 метри 1:43.31SB 1:43.55SB 1:43.761500 метри 3:36.28 3:36.78 3:36.835000 метри 13:26.98 13:27.26 13:27.2610.000 метри 27:21.71 SB 27:22.23 SB 27:22.61Маратон 2:09:51 2:10:12 2:10:23110 метри со пречки 13.00 WL 13.13 13.24400 метри со пречки 47.69 WL, NR 47.70 PB 48.05 NR3000 метри со препреки 8:06.01 8:06.37 8:07.8620 километри одење 1:20:58 PB 1:21:09 SB 1:21:21 SB50 километри одење 3:37:56 WL 3:38:58 PB 3:40:03 SB4 × 100 метри штафетаНеста КартерКемар Бејли-КолНикел АшмеадеЈусејн БолтОшејн Бејли* Ворен Вир* 37.36 WLЧарлс СилмонМајк РоџерсРаким СаламЏастин ГетлинДентариус Локе*Џеф Демпс* 37.66Гавон СмелиАрон БраунДонте Ричардс-КвокЏастин ВорнерСем Ефах*Олувасегун Макинде* 37.92 SB4 × 400 метри штафетаДејвид БербургТони МекојАрман ХалЛешон МеритЏошуа Манс*Џејмс Харис* 2:58.71WLРушин МекдоналдЕдино СтилОмар ЏонсонЏавон ФренсисЏавир Бел*Аким Гаунтлефт* 2:59.88SBМаксим ДилдинЛав МосинСергеј ПетуховВладимир Краснов 2:59.90SB* Спортист кој настапил само во квалификациите и освоил медал.
Поле Во дисциплината скок во височина, украинецот Богдан Бондаренко постави нов рекорд на првенствата со прескокнати 2.41 м и успеа да се закити со златниот медал. Мутаз Еса Баршим од Катар го освои сребрениот медал, додека пак Дерек Друин постави нов национален рекорд на Канада освојувајќи го бронзениот медал. Французинот Теди Тамго успеа да го освои златниот медал во дисциплината трискок, со прескокнати 18.04 метри, и влезе во историјата на оваа дисциплина како трет спортист кој успеал да ја скокне границата од 18 метри.
Скок во височина 2.41WL,CR, =NR 2.38 2.38 NR Скок со стап 5.89 5.89 5.82 Скок во далечина 8.56WL,NR 8.29NR 8.27 Трискок 18.04WL,NR 17.68 17.52SB Фрлање ѓуле 21.73 SB 21.57 21.34 SB Фрлање диск 69.11 68.36 65.19 Фрлање копје 87.17 87.07 86.23 Фрлање кладиво 81.97 WL,PB 80.30 79.36 Десетобој 8809 WL 8670 PB 8512 PB
Жени Патека Шели-Ен Фрејзер-Прајс стана првата атлетичарка во историјата на светските првенства која успеала да ги освоите сите медали од спринтерските дисциплини. Таа заедно со штафетниот тим на Јамајка на 100 метри забележа нов рекорд на првенствата со резултат 41.29 секунди. Претходно, Фрејзер-Прајс успеа да се закити со златните медали на трките на 100 и 200 метри. Во финалето на 200 метри, олимписката шампионка Алисон Феликс не ја заврши трката поради повреда на бутниот мускул. Во истата трка, фото-финишот одлучи дека Мјуриел Ахуре го добива сребрениот медал, пред бронзената Блесинг Окагбаре, откако двете атлетичарки трката ја завршија со идентичен резултат.
Британката Кристин Охурогу победи на трката на 400 метри со нов национален рекорд од 49.41. Таа успеа да ја победи бранителката на златото Амантле Монтшо од Боцвана за само 4 илјадити делови од секундата во фото-финиш. Зузана Хејнова го освои златото на трката на 400 метри со пречки и постави нов национален рекорд на Чешка. Јунис Сум од Кенија, ја освои својата прва голема титула, победувајќи ја олимписката шампионка Марија Савинова во трката на 800 метри.
100 метри 10.71WL 10.93 10.94200 метри 22.17 22.32 22.32400 метри 49.41NR 49.41 49.78800 метри 1:57.38PB 1:57.80SB 1:57.91PB1500 метри 4:02.67 4:02.99 4:03.865000 метри 14:50.19 14:51.22 14:51.3310.000 метри 30:43.35 30:45.17 30:46.98Маратон 2:25:44 2:25:58SB 2:27:45100 метри со пречки 12.44 12.50SB 12.55PB400 метри со пречки 52.83WL,NR 54.09 54.273000 метри со препреки 9:11.65WL 9:12.55PB 9:12.84SB20 километри одење 1:27:08 1:27:11 1:28:104 × 100 метри штафетаКери РаселКерон СтујартШилони КалвертШели-Ен Фрејзер-Прајс 41.29WL,CRЏенеба ТармоАлександрија АндерсонИнглиш ГарднерОктавијус Фриман 42.75Дина Ашер-СмитЕшли НелсонАнабел ЛуисХејли Џонс 42.874 × 400 метри штафетаЈулија ГушчинаТатјана ФироваКсенија РижоваАнтонина КривошапкаНаталија Антјух* 3:20.19WLЏесика БирдНаташа ХејстингсЕшли СпенсерФрансена МекорориЏоана Аткинс* 3:20.41SBЕлид ЧајлдШана КоксМаргарет АдеојКристин Охурогу 3:22.61SB* Спортист кој настапил само во квалификациите и освоил медал.
Поле Русинката Татјана Лисенко го освои златото во дисциплината фрлање кладиво постигнувајќи нов рекорд на светските првенства како и нов национален рекорд. Катерин Ибаргуен и го донесе на Колумбија првото злато од светските првенства во атлетика, победувајќи во дисциплината трискок. Кристина Обергфел од Германија го освои своето прво светско злато во дисциплината фрлање копје.
Скок во височина 2.03 PB 2.00 1.97 Скок со стап 4.89 SB 4.82 4.82 Скок во далечина 7.01 6.99 6.82 NR Трискок 14.85WL 14.81 14.65 Фрлање ѓуле 20.88 20.41 PB 19.95 Фрлање диск 67.99 66.28NR 64.96 Фрлање кладиво 78.80WL,CR,NR 78.46NR 75.58SB Фрлање копје 69.05SB 66.60PB 65.09 Седмобој 6586PB 6530PB 6477NR
Табела на медали 174617261362536219454312542176334107302582013201310131511120311100110011001100110011001100119021320020221014522013423012324011201122601010101010101010101300022002233001100110011001100110011 Вкупно 474748142
Земји учеснички
(1) (1) (11) (1) (1) (1) (1) (1) (8) (1) (1) (47) (2) (2) (26) (10) (1) (9) (27) (17) (1) (2) (1) (2) (2) (11) (32) (3) (1) (10) (1) (1) (1) (1) (46) (1) (1) (1) (1) (7) (53) (20) (1) (1) (1) (1) (7) (25) (2) (28) (1) (2)
(1) (1) (10) (12) (4) (1) (1) (10) (9) (46) (2) (10) (52) (1) (2) (1) (2) (67) (1) (1) (60) (17) (2) (1) (6) (1) (1) (3) (1) (1) (6) (11) (1) (15) (1) (6) (1) (11) (3) (57) (3) (45) (41) (1) (17) (49) (1) (1) (2) (1) (10) (3)
(14) (1) (1) (1) (2) (1) (1) (1) (1) (1) (1) (1) (1) (16) (1) (4) (1) (2) (2) (1) (21) (1) (1) (6) (1) (23) (9) (1) (1) (17) (4) (1) (11) (1) (1) (1) (1) (1) (2) (1) (1) (2) (55) (12) (4) (5) (18) (119) (2) (6)
(3)
(1) (1) (1) (11) (5) (8) (1) (1) (1) (11) (9) (1) (1) (30) (16) (41) (8) (1) (1) (1) (24) (18) (1) (7) (2) (2) (2) (1) (1) (1) (21) (4) (10) (1) (1) (1) (12) (61) (1) (137) (1) (3) (1) (15) (1) (1) (1) (3) (2)
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место на ИААФ за Светското првенство во атлетика 2013 ИААФ Стандарди за учество (PDF)
Категорија:Светско првенство во атлетика 2013 Светски првенства во атлетика Светско првенство во Атлетика 2013 Категорија:Светски првенства во атлетика