Црноглавото муварче () е мала врапчевидна птица од семејството на муварчињата. Таа е една од четирите црно-бели вида муварчиња. Се размножува низ цела Европа и западна Азија. Таа е птица преселница која зимува претежно во западна Африка. Оваа птица ја има во Македонија.

Таксономија Постоела расправија за поделување на видот во два подвида, hypoleuca и speculigera, но, поделбата е одбиена зашто speculigera е поблиска до видот iberia.Подвидови се: Ficedula hypoleuca hypoleuca, Ficedula hypoleuca iberiae, и Ficedula hypoleuca sibirica.

Латинскиот збор ficedula значи „мала ситнојадна птица“. Терминот hypoleuca доаѓа од латинските hupo - бело и lukos - одоздола.

Опис

Црноглавото муварче е долго 12-13.5 см. . Мажјакот во сезона на парење е претежно црн одозгора и бел одоздола, со голема бела дамка на крилјата, бели агли по страните на опашката и мала бела дамка на челото. Кај мажјаците вон сезоната на парење, женките и младенчињата црното е заменето со бледо кафеаво и може да се измешаат со другите муварчиња. Клунот му е црн, широк и заострен на врвот, типичен за птиците кои ловат инсекти во лет. Освен со инсектите, овие птици јадат гасеници кои ги наоѓаат под кората на дабовите, како и бобинки. Оваа птица порано доаѓа напролет од другите преселници и нејзиното ритмично и мелодично пеење е карактеристично во дабовите шуми во пролет.

Ова е птица на отворените шуми, паркови и градини која претпочита дабови дрвја. Гради отворено гнездо во дупките на дрвјата и се населува во куќички за птици со преден отвор. Несат 4-10 јајца.

Распространетост и живеалиште Црноглавото муварче има многу широка распростарнетост и голема популација, па на Црвената листа е во категоријата на вид со најмала загриженост. Видот населува различни земји во Европа, многу е честа на копното, со типична животна средина во отворените шуми, и парковите и градините во градовите. Во 2005 година популацијата изнесувала од 3 до 7 милиони парови.

Поведение

Исхрана Основната храна на црноглавото муварче се инсектите. Всушност, и името им доаѓа од нивната способност да ги ловат летечките инсекти, но, исто така, се хранат со инсекти од земја, дрво и гранки. Всушност, истражувањата покажуваат дека тие најголемиот дел од хранењето го прават на земја. Јадат мравки, пчели, бубачки, пајаци, пеперуги, молци, муви итн.

Размножување

Црноглавите муварчиња практикуваат два системи на парење, моногамен и полигиничен. При вториот систем, мажјакот ја напушта првата територија откако женката ќе ги снесе јајцата и создава своја втора територија на оддалеченост од 200 до 3.500 метри. По спарувањето со втората женка, мажјакот се враќа кај првата помагајќи ѝ при исхраната, нејзината и на пилињата. Понекогаш мажјаците се грижат за двете женки и нивните легла, ако територијата е блиску. Мажјаците кои се успешни во полигинијата се типично поголеми, постари, поискусни и стигнуваат порано од преселбата на територијата за размножување.

Некои женки ја прифаќаат полигинијата, други, не. Тие инсистираат на моногамија. Во полигиничната врска, примарните женки имаат поуспешни легла и не страдаат многу, зашто мажјакот се враќа да помогне, додека секундарната женка има и помало легло и помала успешност во одгледувањето на пилињата. Таа има 60% помалку наследници од примарната.

Наводи

Надворешни врски Ageing and sexing (PDF; 5.7 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze Avibase Oiseaux Images. RSPB Website Description Song of a Pied Flycatcher - a British Library sound recording

Категорија:Муварчиња Категорија:Птици на Македонија Категорија:Таксони опишани од Петер Симон Палас