Антони Ревејер (роден на 10 ноември 1979 година) — француски поранешен фудбалер, играч од одбраната.
Во својата кариера настапувал за пет екипи Рен, Валенсија (на заем една сезона), Олимпик Лион, Наполи и Сандерленд.
Технички одлики Тој може да игра на двете страни во одбраната; лево и десно. Исто така тој може да игра и офанзивно по страничните позиции доколку тимскиот стил тоа го дозволува.
Кариера Ревејер го направил своето деби во Лига 1 на 3 февруари 1998 година играјќи за Рен. Откако минал шест години со Рен, во зимата 2003 година тој се преселил во шпанскиот состав Валенсија. По половина сезона таму, Ревејер се вратил во неговата родна земја потпишувајќи за тогашниот шампион на Франција, Олимпик Лион. Со Лион, Ревејер освоил 5 првенствени титули.
Титули Клупски Олимпик Лион Лига 1 : 5 2003-2004, 2004-2005, 2005-2006, 2006-2007, 2007-2008. Куп на Франција : 2 2007-2008, 2011-2012. Суперкуп на Франција : 5 2003, 2004, 2005, 2006, 2007.
Надворешни врски Антони Ревејер на transfermarkt
Категорија:Живи луѓе Категорија:Француски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Валенсија Категорија:Фудбалери на ФК Олимпик Лион Категорија:Фудбалери на ФК Наполи Категорија:Фудбалери на ФК Сандерленд Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Родени во 1979 година