Агадир — град во југозападен Мароко, седиште на регионот Сус-Маса-Дра. Има 924,000 жители (во 2014). Благата зимска клима (јануарски просечни дневни температури 20 °C) и добрите плажи го направија овој град главно „зимсколетно“ одредиште за северните Европејци. Сегашниот градоначалник е Тарик Кабаџ.
Градот се наоѓа на бреговите на Атлантскиот Океан, близу падините на Атласките Планини, северно од точката каде реката Сус се влева во океанот left|thumb|250px|Панорама на морскиот брег од Касбах. right|thumb|250px|Плажата видена од хотелот Анези. Денес, Агадир е важно риболовно и комерцијално пристаниште, првото пристаниште за сардини во светот. Од Агадир се извезуваат и кобалт, манган, цинк и цитруси. Овој град е познат морски туристички центар со долги песочни плажи. Поради неговите високи згради, пространи патишта, модерни хотели и кафулиња во европски стил, Агадир не е типичен град на традиционалниот Мароко, а е модерен, зафатен и динамичен град. Познат е по својата морска храна и земјоделство.
Градот го служи Аеродромот Ал Масира. Наводи
Надворешни врски
Портал за Агадир Go Agadir WorldStatesmen - Morocco Агадир-Инфо Информации за спортот, хотелите и рестораните во Агадир. Хотелски водич Портал за Агадир на Лексикориент Le portail des Amazighs du Maroc Агадир на магичниот Мароко Агадир
Категорија:Градови во Мароко Категорија:Населени места основани во 1505 година