мини|Становојските Планини означени на карта

Становојски Планини (, , ), наречени и Надворешен Хинган — планински венец во југоисточниот дел на Далечниот Исток на Русија. Се протега во од југозапад кон североисток во должина од 900 км, од реката Ољокма на запад до реката Учур на исток,Планините во јужен Сибир речиси сè до Охотското Море. Го дели сливот на Атлантскиот Океан (преку Лена) од сливот на Тихиот (преку Амур). Поради ова, планините ја исцртувале границата помеѓу Русија и Кина од 1689 г. (Нерчински договор) до 1858 г. (Ајгунски договор).

Венецот е долг околу 725 км. Највисок врв е Скалисти (2.482 м). Има многу ледници, од кои истекува реката Лена.

Јаблановските Планини може да се сметаат за југозападен продолжеток на Становојските. Пред XX век, името се однесувало и на полумитски венец по западното крајбрежје на Охотското Море.

Наводи

Поврзано Хинган Јаблановски Планини

Надворешни врски Становојски Планини — Peakware

Категорија:Планински венци во Русија Категорија:Далекуисточен федерален округ Категорија:Забајкалски крај