Трскарот рогозар () е мала врапчевидна птица од кладот Sylvioidea (трскари), родот на трскарчиња (Acrocephalus). Се размножува низ Европа до западна умерена Азија. Ја има и во Македонија. Таа е птица преселница што зимува во Африка, под Сахара. Опис Трскарот рогозар е долг околу 13 см, со распон на крилјата од 17 до 21 см и тежина од 10 до 15 грама. Горната страна му е кафеава, а долната посветла, жолтеникавобела. Задникот е со портокалова нијанса, опашката е кафеава, долната страна од крилјата е ’рѓа боја, нозете светлокафеави и има влакна во близина на коренот на клунот. Половите се исти. Има брзи замавнувања со крилјата, 18 во секунда и лета со брзина од 10 метри во секунда.
Можат да живеат и до 12 години.
Поведение
Трскарот рогозар е присутен во речиси цела Европа од април до октомври, а зимува во Африка. За да може да го издржи ноќниот лет од 6.000 км, потребна му е акумулација на масти.
Живеалиштето на оваа птица се густите трски крај речните брегови, езера, мочуришта и бари.
Птицата вешто се качува и скока на трските каде се храни со пајаци, мекотели, инсекти и нивните ларви.
Размножување
Полова зрелост трскарот рогозар ја постигнува на една година. Обично се моногамниLeisler, B. & Wink, Michael (2000): Frequencies of multiple paternity in three Acrocephalus species (Aves: Sylviidae) with different mating systems (A. palustris, A. arundinaceus, A. paludicola). Ethology, Ecology & Evolution 12: 237-249. PDF fulltext. Сезоната на парење е во периодот од мај до јули. Гнездото го градат ниско на земјата во густа вегетација. Женките несат 3-5 јајца, а ги инкубираат обата родитела наизменично во тек на 11-14 дена. Младенчињата стануваат независни по 10-14 дена. Може да имаат и 2-3 легла годишно. Често, оваа птица е домаќин на паразитската кукавица, бидејќи јајцата им се со исти бои.
Наводи
Надворешни врски
Трскар рогозар - видеа, фотографии и звуци на Интернет збирката птици Avibase Возраст и пол (PDF; 2.3 MB) од Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze
Категорија:Трскари Категорија:Птици на Македонија