Шат ел-Араб (, „Арапски Поток“; , АрвандПоточно Арвандруд = „Брза Река“ = „Брза“) — река во Југозападна Азија со должина од 200 км. Се создава со спојување на Тигар и Еуфрат кај местото Курна во покраината Басра во Јужен Ирак. Јужниот крај на течението ја исцртува границата помеѓу Ирак и Иран, сè до устието во Персискиот Залив. Во ширина се движи од 232 м кај Басра до 800 м во устието. Се смета дека реката настанала релативно доцна во геолошки рамки, а пред тоа Тигар и Еуфрат се влевале во Персискиот Залив преку друг водотек на запад.
Од иранска страна на реката ѝ се приклучува притоката Карун и донесува големо количество мил. Поради ова, коритото мора постојано да се ископува за да се задржи пловноста.Ирак — Поважни географски елементи
Во поречието е сместена најголемата шума на урмини палми во светот. Во средината на 1970-тите, подрачјето имало 17-18 милиони дрва, или од вкупниот број во светот. Меѓутоа, веќе во 2002 г, воените судири, штетниците и солта уништиле преку 14 милиони палми, од кои 9 милиони во Ирак и 5 милиони во Иран. Голем број од преостанатите 3-4 милиони дрва се во лоша состојба.Шат ел-Араб — УНЕП
Во персиската книжевност и епот „Шахнаме“ (977-1010), името Арванд се однесува на Тигар, кој е една од реките што го сочинува Шат ел-Араб. Поимот почнал да се однесува на оваа река во периодот на Пахлевите и опстојува како таков и по Иранската револуција (1979) до денес.Арандруд, М. Кашеф. — Енциклопедија „Ираника“
Поврзано Хузестан Басра Месопотамија
Наводи
Надворешни врски
Иранско-ирачка граница, 1639-1992
Категорија:Реки во Иран Категорија:Реки во Ирак Категорија:Слив на Шат ел-Араб Категорија:Персиски Залив Категорија:Хузестан Категорија:Реки во Азија Категорија:Меѓународни реки во Азија