мини|поглед кон автопатот А10 Одра-Шпре () — округ во источниот дел на сојузната покраина Бранденбург, Германија. Соседни окрузи (од север надесно) се округот Меркиш-Одерланд, слободниот град Франкфурт на Одра, државата Полска, окрузите Шпре-Ниса и Даме-Шпревалд и сојузната покраина Берлин.

Географија

Округот е именуван по двете главни реки во округот, реката Шпре тече низ целиот округ, додека реката Одра ја создава источната граница.

Историја

Округот бил создаден во 1993 со спојување на окрузите Ајзенхитенштат, Бесков и Фирстенвалде и слободниот град Ајзенхитенштат.

Грб

100п|ГрбГрбот прикажува симболи на трите поранешни окрузи, кои го сочинуваат округот. Во горниот лев дел е грбот на бискупите од Лебус, кои имале седиште во Фирстенвалде. Вториот дел прикажаува лента со шаховница на Цистецијанскиот ред како симбол на опатијата Нојцеле, кои до 1817 ја поседувале поголемиот дел од територијата на некогашниот округ Ајзенхитенштат. Двата дела долу го прикажуваат поранешниот округ Бесков. Трите ножа лево се симбол на грофовите од Штрела, додека рогот на еленот е симбол на грофовите од Биберштајн, кои во 1317 ги наследиле грофовите од Штрела како грофови на Бесков и Шторков.

Градови и општини

Слободни градовиОпштински заедници Бесков Ајзенхитенштат Еркнер Фридланд Фирстенвалде Шторков

Слободни општини Гринхајде Риц-Нојендорф Шенајхе Штајнхефел Таухе Волтерсдорф1. Брисков-Финкенхерд Брисков-Финкенхерд1 Грос Линдов Фогелзанг Визенау Цилтендорф

2. Нојцеле Лавиц Најсеминде Нојцеле1

3. Одерфорланд Беркенбрик Бризен1 Јакобсдорф4. Шармицелзе Бад Заров1 Динсдорф-Радлов Лангевал Рајхенвалде Вендиш Риц

5. Шлаубетал Грунов-Дамендорф Миксдорф Милрозе1, 2 Рагов-Мерц Шлаубетал Зидихум

6. Шпренхаген Гозен-Ној Цитау Рауен Шпренхаген11седиште на општинската заедница;2град

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница