Клондајк () — река во територијата Јукон во Канада и притока на реката Јукон. Најпозната е по Златната треска на Клондајк. Реката извира во венецот Огилви и се влева во Јукон кај градот Досон.
Името доаѓа од поимот „чонтак“ (//) на ханските индијанци, со значење токмачки камен, кој се користел за набивање на колците на кои се закачувале мрежите за фаќање лосос.
Во 1896 г. во притоките на Клондајк е откриено злато, кое се експлоатира и денес. Реката е спомената во расказот „Реликт од плиоценот“ од Џек Лондон, каде е наречена Ирвасова Река ()."A Relic of the Pliocene", Collier's Weekly, 1901
Глаерија
Поврзано Ирвасово Езеро Список на реки во Јукон
Наводи
Надворешни врски Меѓународен историски парк на Златната треска на Клондајк
Категорија:Реки во Јукон Категорија:Реки во Канада