Кошќушко (, од ) — планина во венецот Снежни Планини на територијата на Националниот парк Кошќушко во Нов Јужен Велс, Австралија. Со висина од 2.228 м, ова е со највисоката планина во Австралија (не сметајќи ги надворешните територии). Наречена е по во чест на полскиот национален херој и војсководец во Американската војна за независност, Тадеуш Кошќушко (1746-1817), кое ѝ го дал полскиот истражувач Павел Едмунд Стшелецки во 1840 г. поради тоа што по облик му личела на истоимената тумба во Краков.
Вровот и околните предели се под снег во зима и пролет (обично од почетокот на јуни до крајот на октомври и подоцна).
Националниот парк Кошќушко ги нуди најблиските скијачки центри до градовите Канбера и Сиднеј: Тредбо, Шарлот Пас и Перишер Блу. Можно е планината да била искачена од Абориџините долго пред доселувањето на Европејците.
Во декември секоја година се одржува ултрамаратонска трка „Од брегот до Кошќушко“ () во должина од 240 км — од морето до самиот врв на планината.
Повисоки планини на австралиска територија
Постојат две повисоки планини на австралиска територија, кои географски не припаѓаат на самиот австралиски континент:
вулканот Мосон (2.745 м) на островот Херд куполата Аргус (4.030 м) и планините Меклинток (3490 м) и Мензис (3.355 м) на Австралиската Антарктичка Територија.
Поврзано Таунсенд (планина) Список на планини во Австралија Географија на Австралија
Наводи
Надворешни врски
Кошќушко — портал со информации за полскиот истражувач Павел Едмунд Стшелецки Искачување на Кошќушко
Категорија:Големи Разводни Планини Категорија:Планини во Австралија Категорија:Географија на Нов Јужен Велс Категорија:Седум врвови Категорија:Највисоки точки на земјите