Зелов (, Mapa Polski 1:500 000 Wojskowy Instytut Geograficzny Sztabu Generalnego W.P., Warszawa 1947) — град и административно седиште на округот Меркиш-Одерланд, во сојузната покраина Бранденбург, Германија.

Географија

мини|лево|Црква во Зелов.

Се наоѓа на крајниот исток на Германија, 70 километри источно од Берлин, 16 километри западно од границата со Полска.

Историја

Зелов бил место на една од последните големи битки во Европа во текот на Втората светска војна. Во оваа битка, од 16 до 19 април 1945, советските трупи под водство на фелдмаршалот Георгиј Жуков си направиле пат до Берлин.

Видео-игри

Поради неговата важноста во Втората светска војна, Зелов денес е прикажан во многу видео-игри, книги и филмови. Зелов е присутен во популарната игра на PlayStation 3 и Xbox 360 Call of Duty: World at War. Битката кај Зелов е прикажана во Men of War. Планетата Цаело во универзумот Warhammer 40.000 е многу слична на градот Зелов, особено на начинот на кој се води битката.

Наводи

Категорија:Меркиш-Одерланд Категорија:Бранденбург (покраина)