мини|десно|300п|Делови на човечкиот скелет. Коските ја создаваат основата на организмот. Коските се поврзуваат меѓу себе со зглобови. Комбинацијата на коски и зглобови, поврзани со сврзливите ткива го создаваат скелетниот систем.Биологија за трета година на реформирано гимназиско образование - Локомоторен систем - стр.26

Градба на коски мини|лево|Коски кај човек

Коските се изградени главно од коскено ткиво. Коските не се безживотни. иако во просторите меѓу клетките на коскеното ткиво постојано се таложат цврстите соли на калциум, самите клетки се многу активни. Коските се органи со свој посебен систем на крвни садови, лимфни садови и нерви.

Кај ембрионот повеќето од коските се составени од ’рскавица. Создавањето на коските почнува во текот на вториот и третиот месец од ембрионалниот развиток. Во овој развоен стадиум клетките што создаваат коски, наречени остеобласти, стануваат многу активни. Најнапред, овие клетки произведуваат супстанца, наречен меѓуклеточен материјал, што е сместен меѓу клетките, а има и големо количество на колаген. Потоа, калциумовите соединенија со помош на ензимите се таложат во меѓуклеточниот материјал, има групи на тврди клетки наречени остеоцити. Тоа се живи клетки што се наоѓаат во коската, но не создаваат ново коскено ткиво. Другите клетки, наречени остеокласти, се одговорни за преоцесите на ресорпција, или разградување на коската.Биологија за трета година на реформирано гимназиско образование - Локомоторен систем - стр.27

Целосната коскена основа на организмот е наречена скелет. Скелетот е составен од коски со многу различен изглед. Тие можат да бидат:

плочести (ребра, коски на черепот); коцкести (коски на делови на дланка); неправилни (прeшлените).

мини|лево|Долга коска Типични коски во градба на рацете и нозете се наречени долги коски. Ваквите коски имаат долго тело, во чие средиште поминува централната коскена празнина, наречена дијафиза, и два неправилни краја, наречени епифиза. мини|десно|Градба на долгата коска Има два вида на коскено ткиво. Едниот вид е компактна (вистинска) коска, што е тврда и збиена. Овој вид ткиво влегува во градбата на телото на долгите коски и надворешниот слој на другите коски. Остеоцитите во овој вид коска се сместени во редови на коскеното ткиво околу коските на централниот канал во кој има нерви и крвни садови. Вториот вид на коскено ткиво е наречен сунѓерлива коска. о неа има многу повеќе празни простори, во споредба со вистинската коска. Коските имаат два вида на коскена срцевина: црвена коскена срцевина, што се наоѓа на краевите на долгите коски и во средиштето на другите коски и создава крвни клетки, и жолта коскена срцевина, која главно се наоѓа во средишните празнини на долгите коски. Жолта коскена срцевина главно е составена од масти.

Коските од надворешната страна се обвиткани (со исклучок назглобниот дел) со обвивка наречена покосница или периостеум. Во внатрешниот слој на оваа обвивка има остеобласти, што се неопходни за создавање на коската, не само во текот на растењето, туку и при заздравувањето на скршениците. Крвните садови и лимфните садови во периостеумот играат важна улога во исхранувањето на коскеното ткиво. Присуството на нервни влакна во периостеумот се гледа при скршеници. Обвивката што ја обложува празнината на коскената срцевина е наречена ендоостеум, а содржи клетки што помагаат во растењето и обновувањето на коскеното ткиво.

Растење и обновуање на коските Коските на ’рскавичното во коскено ткиво почнува од центарот и продолжува кон краевите на коските. На тој начин долгите коски постојано растат во должина. Овој процес трае од детството до возраст од 13 до 20 години, кога коските престануваат да растат во должина. Како што коската расте во должина, така телото на коската се обновува и расте во широчина со што и централната празнина за коскената срцевина се проширува. Во текот на животот процесите на создавање на коската и ресорпција на коската се постојани. Коските кај малите деца се поеластични и посвитливи, бидејќи содржат големо количество на ’рскавица, а во текот на стареењето обновувањето на коскеното ткиво се намалува во сите делови. Како резултат на тоа коските се ослабени и многу кршливи. Со стареењето исто така се намалува способноста за создавање белковинска основа на која солите на калциумот би се таложеле. Скршениците кај постарите луѓе многу побавно заздравуваат, а последица на тоа е намалениот метаболизам на коските.Биологија за трета година на реформирано гимназиско образование - Локомоторен систем - стр.26/27

Основни функции на коските Коските имаат голем број функции од кои најважни се:

тие се цврста основа за целиот организам; ги заштитуваат нежните делови во организмот, на пример - черепниот мозок; служат како лостови, што поттикнати од споените мускули овозможуваат движење; тие се склад на соли на калциум, кои можат да се ресорбираат во крвта кога нема доволно калциум во исхраната; тие создаваат крвни клетки (во црвената коскена срцевина).

Скелет Поделба на скелет мини|десно|Поделба на скелет Скелетот може да се подели на две групи на коски:

Оскин скелет (во кој се вклучени основните коски на главата и трупот) Скелет на екстремитетите (кој ја создава основата на екстремитетите заедно со раменскиот и карличниот појас)Биологија за трета година на реформирано гимназиско образование - Локомоторен систем - стр.28

Скелет на глава

Коскената основа на главата е наречена череп. Тој е поделен на два дела:

Коски на череп Коски на лицеБиологија за трета година на реформирано гимназиско образование - Локомоторен систем - стр.29

Коски на череп мини|лево|Градба на череп Челна коска (os frontale) го зафаќа предниот дел на главата. Оваа коска е дел и од покривот за очите и носните празнини. Во оваа коска има празнини наречени челни синуси, кои се поврзани со носните празнини. Овие синуси заедно со другите што се блуску до носот се наречени параназални синуси. Двете темени коски (os parietale) го составуваат најголемиот дел од врвот и страничниот дел на краниумот. Двете слепоочни коски (os temporale) составуваат дел од страната и основа на черепот. Во себе имаат по еден астроиден синус кој е место за ушниот канал, ушното тапанче и целото средно и внатрешно уво. Мастоидните продолженија како слепоочни испупчени делови, надолу ги заштитуваат надворешните делови на очите и се место на кое се поврзуваат мускулите. Ситеста коска (os ethmoidale) е многу лесно кршлива коска сместена меѓу очите. Таа учествува како среден вид на очните вдлабнатини, а мал дел се наоѓа во основата на черепот, а дел и на покривот на носната празнина. Таа има неколку воздушни простори што се дел од параназалните синуси. Оваа коска составува голем дел од носната преграда. Клинеста коска (os sphenoidale), се наоѓа во основата на черепот пред слепоочните коски. Кога се гледа одозгора, е слична на лилјак со раширени крилја. Тилна коска (os occipitale) претставува дел од задната страна и дел од основата на черепот. Во основата на тилната коска е сместен голем отвор (foramen magnum) преку кој се поврзуваат черепниот и ’рбетниот мозок.Биологија за трета година на реформирано гимназиско образование - Локомоторен систем - стр.30

мини|лево|Подјазична коска

Коски на лице мини|десно|Преден дел на череп Долната вилица (mandibula) е единствена подвижна коска на черепот. Засебните горни вилици на средината се споени и ја создаваат горната вилица(maxilla). Секоја горна вилица има голем воздушен простор, наречен максиларен синус, кој е сврзан со носната празнина. Двете јаболчни коски (os zygomaticum) се наоѓаат на двете страни на лицето. Оваа коска го создава испупчувањето на образите. Парните носни коски (os nasale) се издолжени и се сместени една до друга, при што ја создаваат носната преграда. Двете солзни коски (os lacrimale) се големи колку ноктот на прстите. Сместени сè до аголот на очите и го создаваат средниот ѕид на очната празнина. Ралото (vomer) е коска што личи на лемеш на плуг, а го составува најмалиот дел на носната празнина. Парните непчеви коски (os palatinum) се псотавени хоризонтално и странично на носната празнина. Дел на ситестата коска се и споените горни и средни школки.

мини|лево|Детски череп

Како додаток на коските на черепот и лицевиот дел се и три ситни ковчиња во средно уво, единечна коска коњско или турско седло (Sella turcica) и коската што е долна потпора на черепот наречена подјазична коска (os hyoideum), со која се поврзува јазикот.

Детски череп Черепот на децата има делови без целосно формирани коски, што создаваат обвивки наречени „меко место“. Најголема и најпозната е онаа блиску до местото каде што се спојуваат двете темени коски со челната коска. таа е наречена предна фонтонела и обично не се затвора пред осумнаесеттиот месец од животот на децата.Биологија за трета година на реформирано гимназиско образование - Локомоторен систем - стр.31

Скелет на труп мини|десно|Пршлен

Во коските на трупот се вклучени ’рбетниот столб и коските на градниот кош. ’Рбетниот столб е составен од низа коски со неправилен облик наречени пршлени. Децата имаат 33 или 34 прешлени, а со растењето коските во долните делови на ’рбетот се спојуваат, па кај возрасните ’рбетниот столб се состои од 26 коски. Секој пршлен(vertebrae), со исклучок на првите два вратни пршлени, има тело што е свртено нагоре и дел кој служи како основа и држач. Меѓу телата на пршлените има дискови од ’рскавица што на ’рбетниот столб му даваат голема свитливост.

Коски на ’рбетен столб

Во средиштето на секој пршлен има голем отвор. Кога сите пршлени ќе се поврзат во низа со ленти на јакото сврзливо тквио (лигаменти) овие отвори го создаваат ’рбетниот канал, во кој е сместен ’рбетниот мозок. Кога се гледа отстрана ’рбетниот столб може да се види дека има низа од меѓупршленски отвори низ кои излегуваат ’рбетни нерви.

мини|лево|’Рбетен столб мини|десно|Поделба и градба на ’рбетниот стоолб Пршлените во ’рбетниот столб се означени одозгора надолу според местото на кое се наоѓаат: 7 вратни пршлени што се сместени во предлот на вратот. Првиот пршлен се нарекува атлас(atlas) и со негова помош се овозможува стабилност на главата и нејзина рамнотежа, а вториот се нарекува axis (axis) кој служи како пилот кога главата се врти од една на друга страна. 12 градни прешлени што се сместени во висина на градниот кош. За овие пршлени се пворзуваат задните краеви на 12-те пара ребра. 5 стомачни прешлени или уште се нарекуваат слабински пршлени, што се сместени во мал дел од грбот. Тие се поголеми и потешки од другите прешлени и издржуваат повеќе тежина. Крсни прешлени се пет одделни коски, но самo кај децата. Кај возрасните најчесто се спојуваат во една коска наречена крст (os sacrum). Оваа коска го составува задниот дел од карлицата. Опашна коска (os coccygis) е составена од четири или пет тенки коски кај децата, а кај возрасните се спојуваат и создаваат една коска.

Кога се гледа од страна може да се види дека на ’рбетниот столб има четири кривини, кои соодветствуваат на четирите групи пршлени. Ваквите кривини на ’рбетниот столб обозможуваат потскокунување и трчање, како и неопходна рамнотежа при движењето.Биологија за трета година на реформирано гимназиско образование - Локомоторен систем - стр.31/32

Коски на градниот кош

мини|лево|Коски на градниот кош Во градбата на градниот кош (thorax) влегуваат дванаесет парови на ребра (costae) и градна коска (sternum).

Градната коска личи на меч. Гордниот дел е наречен дршка на градната коска(manubrium), чиј врв од секоја страна се поврзува со клучната коска (clavicula), а странично надолу се поврзува со првиот пар ребра. Телото на градната коска е долго и личи на сечило на меч. по должината од секоја страна се поврзува со ребрата. Долниот крај на градната коска има мал врв, кај младите создаден од ’рскавица, а кај возрасните создаден од коска. Тоа е мечовито продолжение (procesus xiphoideus). Тој се користи како место за притискање на градниот кош при давање прва помош за стимулирање на работата на срцето од надвор.