мини|десно|250п|Желади од разни видови и големини мини|десно|Желадот е основна храна за вервериците мини|десно|исправено|180п|Из’ртен желад Желад — плод на дабот или буката кој обично содржи по една семка (ретко по две) затворена во мошне цврста кожеста лушпа, прицврстена со чашичка. Се движат од 1 до 6 см во должина и 0,8–4 cm во ширина. Узреваат за 6 до 24 месеци, зависно од видот.. Кога станува збор за бука, желадот поточно се нарекува буклинка.буклинка — Дигитален речник на македонскиот јазик
Улога во екологијата
Желадот игра важна улога во шумската екологија во дабовите шуми.
Постојат разни животни што зависат од желадите за издршка. Од птиците, со нив се хранат сојките, гулабите, некои видови патки и неколку вида на клукајдрвци. Меѓу малите цицачи, највеќе желади јадат глувците, вервериците и некоку други глодачи.
Големи кочичества на желади јадат и крупните диви животни како дивата свиња, мечката и еленот. Во случајот на еленот, тие можат да сочинуваат до 25% од неговата исхрана во зима."Mammals of California Oak Habitats-Management Implications", Reginald H. Barrett, author, Во Шпанија, Португалија и дел од Англија домашните свињи се пуштаат во природа за да се најадат желади и со тоа подобро да се згојат.
Ларвите на некои молци и чурилкарите се хранат со млади желади.Brown, Leland R. (1979) Insects Feeding on California Oak Treesin Proceedings of the Symposium on Multiple-Use Management of California's Hardwood Resources, Timothy Plum and Norman Pillsbury (eds.).
Желадот е богат со разни состојки корисни за животните. Точниот состав зависи од видот, но сите содржат големи количества на белковини, јаглехидрати и масти, како и калциум, фосфор и калиум и витамин Б3.Хранлива вредност на желадовото брашно Меѓу другото, содржи и горчлив танин и затоа животните ги претпочитаат оние видови со поблаги желади како белиот даб.
Во човековата исхрана Како храна желадот е мошне ретко застапен, освен во кујната на северноамериканските индијанци и извесни јадења во Кореја.Домородни прехранбени култури и традиционални рецепти — NativeTech Желадите во готварството
Поврзано Плод Шишарка
Наводи
Надворешни врски
Есенски прирачник за оревести плодови — Mother Earth News
Категорија:Даб Категорија:Јадливи оревести плодови и семки Категорија:Шуми
de:Eichen#Eicheln sv:Ekollon zh:栓皮櫟