мини|Панорама на плоштадот во Еберсвалде Барним () — округ во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се граничи со (од исток надесно) Полска, округот Меркиш-Одерланд, сојузната покраина Берлин и окрузите Горен Хафел и Укермарк.
Историја
Името „Барним“ се појавило во 13 век и се однесувало на големата шумска област источно од Хафел и северно од Шпре, каде благородниците оделе да ловат. Сегашниот округ е приближно ист, но малку помал, со оваа историска област.
Округот бил основан во 1993 со спојување на поранешните окрузи Бернау и Еберсвалде.
Географија
Барним се протега од реката Одра до предградијата на Берлин. Реката Одра ја создава источната граница. Оттука водат Каналот Одра-Хафел (ги поврзува Одра и Хафел) и историскиот Финовски Канал до Еберсвалде и натаму. Деловите северно од овие вештачки водни патишта се наречени Шорфхајде. Ова е шумска област со неколку големи езера, како Вербелинско Езеро (8 км2), Гримницско Езеро (8 км2) и Парштајнско Езеро (10 км2). Шорфхајде е биосферен резерват на УНЕСКО, каде се наоѓаат ретки животни како белоопашестиот орел, големиот орел кликач, орелот-рибар, црниот штрк, дабарот и видрата.
Грб
100п|ГрбГрбот на округот го прикажува грбот на поранешниот округ Горен Барним. Единствена разлика е што стариот имал две половина, горната сребрена, а долната црвена, додека моменталниот е поделен на четири делови и во десната половина постојат црвената и сребрената боја. Орелот во горната половина е орелот на Бранденбург.
Градови и општини
Слободни градовиОпштински заедници Бернау кај Берлин Еберсвалде Вернојхен
Слободни општини Аренсфелде Панкетал Шорфхајде Вандлиц1. Бизентал-Барним Бизентал1, 2 Брајдин Маринвердер Мелхов Ридниц Зидовер Флис
2. Бриц-Хорин-Одерберг Бриц1 Хорин Хоенфинов Липе Лунов-Штолценхаген Нидерфинов Одерберг2 Парштајнзе3. Јоахимстал (Шорфхајде) Алтхитендорф Фридриксвалде Јоахимстал1, 2 Цитен1седиште на општинската заедница;2град
Поврзано Барнимска Висорамнина
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница