Липе () — река во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, Германија, десна притока на Рајна. Долга е 255 км.
Извира од пограничниот дел на Тевтобуршката шума во Бад Липшпринге, недалеку од Падерборн. Тече во западен правец низ градот, па низ Липштат и потоа долж северната граница на областа Рур. Таму минува низ Хам, Линен, Халтерн и Дорстен, за на крајот да се влее во Рајна кај Везел.
Реката е во катастрофална еколошка положба поради отпадните води од фабриките и менувањето на коритото. Денес се преземаат извесни мерки за возобнова на фауната по нејзиното течение.
Поврзано Липе (округ)
Надворешни врски Римски населби по течението на Липе — „Ливиј“
Категорија:Реки во Северна Рајна-Вестфалија Категорија:Рајнски слив Категорија:Реки во Германија Категорија:Притоки на Рајна