Остероде () — поранешен округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Се граничел со окрузите Гетинген, Нортхајм и Гослар како и со покраината Тирингија (окрузите Нордхаузен и Ајхсфелд). Округот се распуштил на 1 ноември 2016 година и влегол во составот на новиот округ Гетинген.
Историја
Почнувајќи од век, овој дел од Харц бил под власта на династијата Велфен. Остероде бил центар на кнежевството Брауншвајг-Грубенхаген, една од повеќето составни делови на војводството Брауншвајг-Линебург. Подоцна кнежевството потпаднало под власта на Хановер, кое пак во 1866 година е припоено кон Прусија. Во 1885 година пруските власти воспоставиле окрузи, меѓу кои и Остероде.
Географија
Преку две тритини од површината на округот му припаѓа на планинскиот масив Харц, вклучувајќи го јужниот дел на Националниот парк Харц.
Грб
Грбот прикажува два хералдички лавови. Лавот во горниот дел е од грбот на Хановер, додека долниот лав ја претставува династијата Велфен.
Градови и општини
ГрадовиСлободни општиниСлободни областиОпштински заеднициБад Лаутерберг Бад Закса Херцберг на Харц Остероде Бад Грунд Харц1. Хаторф на Харц Вулфтен на Харц Елбингероде Хаторф на Харц1 Херден на Харц2. Валкенрид Валкенрид1 Вида Цорге1седиште на општинската заедница;2град
Поврзано Харц
Надворешни врски
Портал на округот Остероде Историја на Остероде