Гослар () — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се граничи со окрузите Остероде, Нортхајм, Хилдесхајм и Волфенбител, градот Залцгитер и сојузните покраини Саксонија-Анхалт (Харц) и Тирингија (Нордхаузен).

Историја

Историјата на округот е потесно врзана за историјата на градот Гослар.

Округот е основан во век од пруската управа. Градот не бил дел од него сè до 1972 година.

Географија

Подрачјето на округот го опфаќа северозападниот дел на масивот Харц, вклучувајќи го Националниот парк Харц. Највисока планина е Вурмберг (971 м) кај Браунлаге, воедно највисок во цела Долна Саксонија. Над гратчето Алтенау извира реката Окер која тече низ живописна долина и го напушта Харц кај Виненбург.

Грб

Орелот е хералдичко животно на градот Гослар, додека лавот ја претставува општината Шладен. Шладен не е дел од округот, но грофовите на Шладен владееле големи делови од денешниот округ во текот на раниот среден век.

Градови и општини

ГрадовиСлободни општиниСлободни областиОпштински заедници Бад Харцбург Браунлаге Гослар Зезен Клаустал-Целерфелд Лангелсхајм Либенбург Харц1. Лутер на Баренберге Валмоден Лутер на Баренберге1 Хахаузен1седиште на општинската заедница;2град

Наводи

Надворешни врски

Окружен портал

Категорија:Окрузи во Долна Саксонија