Црквиште — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Брезово. Претставува црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на 4,5 км северозападно од селото, кај месноста Суво Поле, десно од патот Битола-Кичево, каде се гледаат остатоци од објект за кој мештаните сметаат дека е црква. При обработувањето на земјата биле откриени гробови градени од камени плочи. На површината можат да се сретнат фрагменти од питоси.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Каменец — населба, некропола и топилница од доцноантичко време; Габер — црква од средниот век; Брезово; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи
Категорија:Брезово