мини|десно|Поглед на реката Си од Џаоќинг кон Гаојао Бисерна Река или Џуџанг (, ) — голем речен систем во јужна Кина. Називот се користи во поширока смисла, опфаќајќи ги притоките Си („Западна“), Беј („Северна“) и Дунг („Источна“) поради тоа што имаат иста делта — Делтата на Бисерната Река. Системот на Бисерната Река е трета река во Кина по должина (2.400 км, по Јангцекјанг и Хоангхо) и втора по полноводност (по Јангцекјанг). Сливот зафаќа површина од 409.480 км2 и опфаќа голем дел од средиштето на јужна Кина (покраините Гуангдунг и Гуангси), како и делови од југозападна Кина (покраините Јинан, Гуејџоу, Хунан и Ѓангси) и североисточен Виетнам (покраините Као Банг и Ланг Сон).

Името „Бисерна Река“ се однесува и конкретно на поединечна растока во делтата, која е најширока, но мошне кратка. Ракавот го добива тоа име со слевање на помали рекави северно од Гуангџоу. Коритото во естуарот редовно се прокопува за да биде пловно за големи морски бродови. Устието образува голем залив во југоисточниот дел од делтата. Овој залив ги дели Макао и Џухај од Хонгконг и Шенџен.

Реката е наречена по школките со бисерна боја што се распослани во коритото во делот што минува низ градот Гуангџоу.

Близу устието преку реката поминува 500-киловолтен далновод, чии кули се највисоки далноводни кули во светот.

Градови По течението на реката се расположени следниве градови (по азбучен ред):

Вуџоу Гуангџоу Гуејлин Дунгуан Кајпинг Макао Фошан Хонгконг Џангмен Џаоќинг Џунгшан Џухај Шенџен

Поврзано Делта на Бисерната Река Список на реки во Кина Гуангдунг

Наводи

Надворешни врски Бисерна Река (Чжуцзян) — Голема советска енциклопедија

Категорија:Реки во Кина Категорија:Географија на Гуангдунг Категорија:Тихоокеански слив