мини|Хафеланд Хафеланд () — географска област и округ во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се граничи со (од север надесно) окрузите Источен Пригниц-Рупин и Горен Хафел, сојузната покраина Берлин, округот Потсдам-Мителмарк, градот Бранденбург и сојузната покраина Саксонија-Анхалт (окрузите Јерихов и Штендал).
Историја
Округот бил основан во 1993 со спојување на претходните окрузи Науен и Ратенов.
Географија
Географски, името Хафеланд е име за областите долж реката Хафел и областа опкружена од латиничната буква „U“, опкружена од нејзиниот тек помеѓу градот Берлин и устието со реката Елба. Областа, исто така, ги вклучува градовите Бранденбург и Потсдам, кои не се дел од округот. Округот главно се протега на областите северно од реката Хафел.
Грб
120п|ГрбЦрвениот орел е хералдичко животно на Бранденбург. Главата на орелот е дел од грбот на Ратенов. Лебедот е често користен како симбол на областа Хафеланд.
Градови и општини
Слободни градовиОпштинска заедница Фалкензе Кецин Науен Премниц Ратенов
Слободни општини Бризеланг Далгов-Дебериц Миловер Ланд Шенвалде-Глин Вустермарк1. Фризак Фризак1, 2 Миленберге Паулиненауе Песин Рецов Визенауе
2. Ненхаузен Коцен Меркиш Лух Ненхаузен1 Штехов-Ферхезар3. Ринов Голенберг Гросдершау Хафелауе Клесен-Герне Ринов1, 2 Зеблик1седиште на општинската заедница;2град
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница Туристичка страница