Горна Црква — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Вардино. Претставува населба, црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на 500 м источно од селото, на падините на селскиот рид. Видливи се остатоци од срушена црква околу која има гробови градени од камени плочи со насоченост исток-запад. Црквата има димензии од 15 × 8 м и е ѕидана од кршен камен и варов малтер. Во апсидата, на местото на чесната трпеза има дел од вертикално поставен мермерен столб. Наоѓалиштето зафаќа површина од околу 1 хектар.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Плоча — некропола од доцноантичко време; Вардино; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;

Наводи

Категорија:Вардино Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола