Шенвалде-Глин () — општина во округот Хафеланд, во Бранденбург, Германија.
Историја
Општината се граничела со поранешниот Западен Берлин, поради што во периодот 1961-1990 била одделена од него со Берлинскиот ѕид.
Во 1951-1952 низ општината бил изграден Каналот Хафел за да го поврзе Хенигсдорф со Парец, притоа избегнувајќи го преминот низ текот на реката Хафел, помеѓу Шпандау и Потсдам, кој тогаш бил под политичка контрола на Западен Берлин. Единствената брана на каналот се наоѓа во Шенвалде. Каналот е сè уште во употреба, обезбедувајќи пократка рута за бродовите од запад кон Каналот Одра-Хафел и Полска.
Наводи
Категорија:Хафеланд