Вангел Нечевски - Тунелот (Битола, 17 март 1922 – Битола, 16 октомври 2006) — македонски комунист, учесник во НОВ, народен херој. За народен херој бил прогласен на 20 декември 1951 година.
Животопис Вангел Нечевски е роден во Битола во работничко семејство. Уште како млад се вработил во тутунската станица во Битола.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 289 По окупацијата на Југославија во Втората светска војна, Нечевски се вклучил во СКОЈ. Веднаш се вклучил во акциите на месната партиска организација за растурање на пропаганден материјал, собирање на оружје и вршење на курирски должности.
Учеството во Народноослободителната војна Во почетокот на 1942 г. бил уапсен и интерниран во Бугарија. По половина година помината во интернација, се вратил во Битола. Но, поради своите активности, веќе не можел да остане во градот и на 4 јули 1942 г. заминал во партизанскиот одред „Даме Груев". Во одредот извршувал низа курирски задачи што ги добивал како курир на Главниот штаб на Македонија. Се истакнал со снаодливост и храброст при една задача од декември 1942 година, кога пренесувал партиски материјал од Грција во Битола, при што бил опколен од граничари, на кои успеал да им помогне и да го спаси материјалот. Во 1943 година по налог на Главинот Штаб на Македонија, фатил врска со Кавадарскиот одред, кој се наоѓал во Егејскиот дел на Македонија, а во оваа задача поминал 9 дена низ потполно непознат терен. Во текот на 1942, 1943 и поголемиот дел од 1944 година, одржувал редовна врска со грчките и албанските партизани, пренесувајќи најдоверливи материјали и префрлајќи најдоговорни политички и воени раководители и делегати на Врховниот штаб од Македонија. Пред крајот на војната станал заменик-командант на дивизија.
По војната По Војната работел во ОЗНА. Потоа вршел други политички и државни должности во Битола и во Македонија. По пензионирањето, бил претседател на Сојузот на борци од НОВ и претседател на Матицата на иселениците во Битола.
За народен херој бил прогласен на 20 декември 1951 година.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 293
Наводи
Категорија:Народни херои на Југославија од Македонија Категорија:Македонски комунисти Категорија:Македонски партизани Категорија:Луѓе од Битола Категорија:Починати во Битола
Надворешни врски In memoriam, Утрински весник